Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата.Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “
ПЛАН И ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН (22.10.2024) Вторник
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија околу 11:30 часот. Поаѓање за Турција околу 12:00 часот. Патувањето се одвива преку Грција. Попатно собирање на патниции од Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (23.10.2024) Среда
Пристигнување во Анкара во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич, Мазолеумот на Ататурк, Цитаделата на Анкара, со прекрасен поглед кон градот, музејот на Анадолиските цивилизации. По разгледот на градот, слободно време за индивидуални активности. Сместување во Хотел. Вечера и Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (24.10.2024) Четврток
По појадокот во хотел групата се упатува кон Кападокија со попатно застанување на Соленото Езеро Тузпол, сместено на 905 метри надморска височина. Пристигнување во Кападокија и започнување на целодневната екскурзија. Пошетка во Нацционалниот Парк Долината Ѓуреме, дел од листата на заштитени од УНЕСКО, се посетуваат пештерските цркви и храмови, уникатен показател за Византиската уметност во креирањето фрески и цртежи и израбоката на иконостаси. Се посетува градот Аванос, античката Ванеса која е сместена на двата брега на реката Казал Ормак (црвената река, најдолгата во Турција). Градот е познат по грнчарството, еден од најстарите занаети уште од античките времиња, од анадолиските племиња Хети. Посета на Јучхисар, една од главните туристички атракции и архитектонски чуда на Кападокија, од чиј врв има преубави глетки. Сместување во хотел. Вечера. Можност за факултативен излет со АТВ низ регионот за фотографирање со зајдисонцето. Можост за факултативна Турска локална вечер со неограничено пиење и закуски специфични за регионот. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (25.10.2024) Петок
По желба, можност за факултативно летање со Балон на Кападокија, едно од најубавите искуства во светот. Се поаѓа од хотелот рано во 05:30. Оваа факултатива трае околу час и половина и потоа се враќа во хотелот. Појадок. Започнува екскурзијата на подземните градови на Кајмакал, регион кој е развиен уште 2000 години пред нашата ера, град кој е ископан во карпите кој е поврзан со тунели и простории на длабочина од 80 метри. Во договорено време со водичот од групата, поаѓање кон долината Дервент, или позната како розевата долина. Враќање во Хотел. Можност за факултативна посета на дервишка вечер. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН (26.10.2024) Сабота
По појадокот, слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија околу 17 часот. Пристигнување на 27.10, недела во Скопје околу полноќ.
Цена на аранжманот
ПРОМО ЦЕНА: 229 евра (14.198,00 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269 евра (16.678,00 денари)
САМО СО ОРБИТА ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА !