orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека продажба на зимските аранжмани е во тек. Погледнете ги понудите и резервирајте си додека има место!!!                 Попустите за рана резервација за Лето 2019 се во тек. Резервирајте си со 12% попуст на редовната цена за Лето 2019 во Ксамил, Албанија и до 20% попуст за Грција.             НАСКОРО - Лето 2019 - ТУРЦИЈА, ЦРНА ГОРА

 

Термин: 06 Март


1 ден  06.03.2019 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА  

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.


2 ден   07.03.2019 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.


3 ден    08.03.2019 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ - ВИЕНА 

Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање


4 ден   09.03.2019 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА 

 Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5 ден  10.03.2019 СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2018109 евра / 6.760 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 евра/ 8.000 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  •  Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  160 денари
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа  10€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  35€
  • Посета на национален ресторан – ЧАРДА  30€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишната програма на ОРБИТА
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.


За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. ОРБИТА