orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека продажба на зимските аранжмани е во тек. Погледнете ги понудите и резервирајте си додека има место!!!                 Попустите за рана резервација за Лето 2019 се во тек. Резервирајте си со 12% попуст на редовната цена за Лето 2019 во Ксамил, Албанија и до 20% попуст за Грција.             НАСКОРО - Лето 2019 - ТУРЦИЈА, ЦРНА ГОРА

 

Термин: 06 Март

 

1 ден   06.03.2019 СКОПЈЕ:                                      

Состанок на групата во 11.00 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 11.30ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден  07.03.2019  ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Лидо ди Јесоло во пладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА:

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

4 ден  09.03.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

5 ден  10.03.2019 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  31.01.2019:  119 евра / 7.380 ден
 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139 евра / 8.620 ден


Цената вклучува:

-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
-2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
-Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената не вклучува:

- Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  25 €
- Посета на Фиренца 45 €
- Целодневна задолжителна посета на  Верона и Сирмионе 20 €
- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
- Влезници за музеи и споменици
- Задолжително патничко осигурување 160 мкд
- Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишната програма на ОРБИТА
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.