orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека продажба на зимските аранжмани е во тек. Погледнете ги понудите и резервирајте си додека има место!!!                 Попустите за рана резервација за Лето 2019 се во тек. Резервирајте си со 12% попуст на редовната цена за Лето 2019 во Ксамил, Албанија и до 20% попуст за Грција.             НАСКОРО - Лето 2019 - ТУРЦИЈА, ЦРНА ГОРА

 

Tермин: 06 Март

 

1 ден  06.03.2019 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.30 ч. и поаѓање за Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден  07.03.2019 шопинг центар Parndorf -  Виена

Пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање

 

3 ден 08.03.2019 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

 

4 ден  09.03.2019 Виенски шуми

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден  10.03.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2019: 139€ / 8.620 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 € / 9.860 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Посета на шопинг центар Parndorf
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35€
  • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ - мин. 30 лица за реализација
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 30€ - мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
  • Патничко осигурување – 160 ден (за лица до 60 год)
  • Доплата за еднокреветна соба 3 100 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишната програма на ОРБИТА
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.


За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. ОРБИТА и СКТМ