orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека започнавме со продажба на зимските аранжмани. Погледнете ги понудите и резервирајте си со попуст за рана резервација!!!            Исто така Ве известуваме дека некои понуди за Нова година се со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!! Резервирајте си додека има место!

 

Модерни апартмани во прекрасно опкружување нудат поглед кон историскиот центар на Банско, Рила, Пирин. Голем број на комфорни соби, ресторан, бар, конференциска сала, спа центар. Комплексот се наоѓа на самата граница со националниот парк Пирин кој е заштитен од UNESCO.

Комплексот е на 2км од центарот на Банско и 700м од гондолата. Има 8 блокови со 5 спрата и 5 лифта. Нуди бесплатен трансфер до гондолата.

Има вкупно 200 соба: двокреветни(40 м2), студија(40 м2), апартмани(60-80 м2) апартмани со две спални(80-120 м2)
Сите соби имаат централно греење, сателитска телевизија, мини бар, телефон, WI-FI, туш, фен, балкон. Двокреветните соби се состојат од француски лежај или два одвоени кревети, кауч, трпезарија, кујна. Прилагодени се за две лица.
Апартманите со една спална имаат соба за дневен престој со кујна, кауч и спална соба. Прилагодени се за четири возрасни.
Апартманите со две спални имаат соба за дневен престој со кујна и две спални соби и кауч. Прилагодени се за шест возрасни лица. Некои од апартманите имаат камин (огревното дрво е со доплата на лице место).

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА НА ДЕН НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

 

НАСКОРО ЦЕНОВНИК!

 

Во цените е вклучено: употреба на спа центар, паркинг, Wi-Fi низ цел хотел, бесплатен транспорт до гондолата.

Попустите и Промоциите НЕ можат да се комбинираат.

Бебешко креветче на барање, доколку има слободно.

 

Доцен отказ и непојавање во хотел– 1 ноќевање пенали

 

-Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 1еур – за престој од 4 ноќевања па нагоре

-Задолжителна туристичка такса по лице на ден од 2еур – зa престој од 1-3 ноќевања

-Задолжителна услужна такса по лице за целиот престој од 3еур, дете од 2-11,99год – 1,5еур.

-Дете од 0-1,99год – не плаќа такси

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

Во соба е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Важат Општите услови на СКТМ и ТА “ОРБИТА“.