orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
ЛЕТО 2020 е веќе во продажба. Погледнете ги понудите за Албанија, Грција, Турција и Египет.          Погледнете ги понудите за Зима 2019/20 за Бугарија и Србија!!!            8ми Март наближува... Погледнете ги нашите понуди и искористете го попустот за рана резервација.          

 

Практични совети бр.2
Што да спакувате на ски патување?

ski pack


Посебно за припадничките на понежниот пол, пакувањето за едно патување претставува стрес и пренатрупаност и на крај повторно завршува со повеќе од еден куфер. За мажите пак, пакувањето е сосема релаксиран момент и е најчесто во последниот час пред да се тргне, а тоа функционира по принцип што се најде при рака.

Сепак, пакувањето за зимување каде речиси секогаш се носи и ски опрема, може да биде вистински проблем. Како туристичка агенција која е организатор на патувања од ваков тип, Ви даваме неколку совети за тоа што да земете за да си олесните и секако да не заборавите нешто важно.

 

Обувки

Најдобро е во зима нозете да Ви бидат топли. Кога ги избирате обувките треба да изберите чизми или чевли кои што внатре имаат крзно и да се отпорни на вода. Нормално е да си облечите и дебели чорапи бидејќи без нив и со зимските чевли или чизми може да имате ладни нозе.

clothes

 

Облекувајте се слоевито

Секогаш кога се пакувате внимавајте да не зема премногу работи кои што нема воопшто да ги искористите. Одбирајте ги работите кои се неопходни, корисни и практични. Немојте да земете дебела јакна и само со таа да бидете обезбедени од студот. Напротив, земете повеќе парчиња бардероба и обчлечете ги едни врз други. Кога ќе се облечете слоевито, топлината ја задржувате и тоа е најприлагодливо во секоја ситуација. Доколку сте надвор и Ви е ладно добро ќе ви дојде уште некој слој плус. Доколку сте во затворена просторија можете да извадете некој слој и да се чуствувате баш пријатно. Тогаш можете да правите секакви комбинации со облеката.

 

Додатоци

Иако сте на зимување, модата треба да си биде составен дел од облекувањето. Зимскиот стил е да пронајдете додатоци кои што ќе ви служат и за топлење, но и за да бидете во тренд. Во зависност од тоа колку уште простор имате во куферот, можете да земете само една јакна и повеќе различни капи, шалови, ракавици си кои што ќе изгледате "ново" секој ден.

 

dodatoci

 

СКИ ОПРЕМА:

  • Крема за сончање и лабело
  • Заштитен шлем
  • Заштитни очила
  • Водоотпорна јакна
  • Водоотпорни ракавици
  • Неколку пара скијачки чорапи
  • Очила за сонче, но и скијачки очила
  • Мал ранец
  • Заштита за колениците и лактовите
  • Скии и ски борд
  • Скијачки чизми
  • Скијачка гардероба