orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
ЛЕТО 2020 е веќе во продажба. Погледнете ги понудите за Албанија, Грција, Турција и Египет.          Погледнете ги понудите за Зима 2019/20 за Бугарија и Србија!!!            8ми Март наближува... Погледнете ги нашите понуди и искористете го попустот за рана резервација.          

 

И искусните патувачи прават одредени грешки!


Можеби мислите дека знаете се околу патувањето и подготовките, но оваа статија би ви помогнала да ги воочите вашите грешки.

Одмор без резервација
Многумина сметаат дека туристичките места изобилуваат со сместувачки капацитети и дека ако отидат таму, сигурно ќе најдат нешто поевтино отколку во туристичка агенција. Но, во текот на туристичката сезона, може многу лесно да се случи сите капацитети да бидат пополнети и да мора да отидете во скап хотел и да земете луксузна соба или дури и апартман. Згора на тоа, резервирањето преку агенција ви дава одредена гаранција за услугата која ја плаќате, за разлика од самостојното барање сместување, кое може да биде вистински кошмар


Не купувате патничко осигурување.
Патничкото осигурување е повеќе од потребно како составен дел од вашето патување.
Дури и ако се враќате истиот ден. Сумата што ќе ја платите за патничко осигурување е ништо во споредба со лекарски трошок, доколку немате патничко осигурување. Запомнете, никогаш не можете да предвидите дали ќе се повредите или ќе ви се случи нешто за време на вашиот одмор.

Ги жртвувате сонот и оброците
Запомнете, дури и кога сте надвор од дома, од голема важност е да спиете и да јадете редовно, а воедно и да не го нарушувате сопствениот ред

 

Скоро никогаш не резервирате преноќување.
Добро знаеме дека долгото патување го изморува секој човек, па затоа не е лоша идеја да резервирате соба во некој хотел меѓу два лета, наместо да чекате на аеродром.

 

 

Се обидувате да видите се!
Секогаш се обидувате да видите што е можно повеќе, а тоа не тера да трчаме од едно на друго место. Наместо тоа, подобро е да уживаме во бавните прошетки каде што сме појдени, затоа што сепак сме на одмор, зарем не?

 

Патувате во текот на сезоната.
Толпите туристи можат да го расипат секој одмор и секој поглед. Кога планирате некаков одмор, обидете се да одите во најмалку популарна сезона кога туристите си одат дома, се со цел да уживате во вашето патување!
Не посветувате внимание на коментарите од корисниците

 

 

Секогаш е важно, пред да го започнете вашето патување да разгледате дел од коментарите на корисниците.
Ова се најдобрите страни каде можете да се запознаете со храната онаква каква што навистина е, одредени места, ресторани и слично.
Tripadvisor – ова е веројатно најпознатиот веб-сајт каде што можете да најдете рецензии за било што- од најмалите продавници до најпознатите светски катедрали.
Foursquare – многу корисна веб-страница која ќе ви помогне да ги најдете најдобрите места за забава, јадење и пиење.
Yelp – ова е речиси како Foursquare, но е специјализиран за ресторани и кафулиња.