orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
Почитувани, поради ослободување на мерките и отворање на границите кон некои земји, ние Ви претставуваме некои програми за Лето 2020. Лето во Албанија во вила АЛЕКС и вила ХРИСТО во КСАМИЛ. Лето во Анталија со чартер програми почнувајќи од 20.07.2020.                  ВАЖНА НАПОМЕНА: Промена на општите услови за патување. За сите резервации направени од месец Мај 2020 година па натаму важат новите општи услови за патувањето кои што можите да ги погледнете на нашата страна.

Почитувани клиенти,

На формата подолу можите да проверувате цени за чартер програмите за Египет. Цените се за хотел со дадена категорија и со дадена услуга + чартер авионски билет и аеродромски такси.

Прво избирате дестинација, потоа ги селектирате сите хотели, датум на поаѓање, време на престој и вметнувате колку возрасни и колку деца ќе патуваат.

Кога ќе кликните на копчето "Барај" ќе Ви се отвори нов прозорец со сите хотели. Доколку кликните на името на хотелот, ќе Ви се отворат основните податоци за хотелот, слики и услуга.

За резервација кликнувате на копчето "Резервирај" на десната страна од хотелот кој што сте го одбрале и ќе Ви се отворат контакт информации каде што можете да резервирате.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Резервацијата се смета за валидна од како ќе дојдите во нашата канцеларија и уплатите или пак уплатите на банкарска сметка.

Eдно од најпознатите туристички места во Египет е Хургада. Хургада (Хургада) слободно може да се каже дека е пионер на египетскиот туризам. Изградбата на ова одморалиште на бреговите на Црвеното Море започна во шеесеттите години од дваесеттиот век. Градот потоа се разви во неколку туристички зони. Кон север, се прошири се до местото Еl Gouna, додека на југ до Sahl Hasis и заливите Soma и Makadi.

Хургада - историја

Хургада е основана во почетокот на 20ти век. Со неверојатна брзина Хургада, од мало рибарско село се разви во еден од водечките туристички центри на брегот на Црвеното Море, во кој секоја година многу туристи доаѓаат да се одморат и да ги наполнат батериите за новите работни победи.

Општо за Хургада

Хургада има 261.714 жители. Самиот град е поделен на три дела: Ел Дахар, Сакала и Ел Месма. Сакала, покрај тоа што е центар, исто така е и хотелска област. Во стариот дел на градот - Ел Дахару е најголемата чаршија, автобуска станица и пошта.

Хургада лето 2020

Хургада е бисер на египетскиот брег, поради богатството на флора и фауна, така што туристите кои се од година во година се побројни ова прекрасно одморалиште на Црвеното море со причина го нарекле "море со седум бои". Летувањето во Хургада е особено интересно за туристите од Италија, Чешка, Германија, како и на се поголем број на туристи од нашата земја, за кои Хургада претставува дестинација за одмор од соништата.

Речиси идеалната позиција на која се наоѓа Хургада им овозможува на туристите можност да организираат голем број различни екскурзии. Поради добрата поврзаност, посетата на рајскиот остров, како и посетата на древниот Египет и многу други екскурзии може да се направат токму од Хургада.

Согласно наведеното Хургада е вистинската дестинација за вашиот одмор оваа година. Одмор на кој ќе се сеќавате и со причина ќе се потсетувате многу години.

Напомена: Од причини за заштита на животната средина во Хургада и целата област на Црвеното Море не е дозволено користење на пластични кеси или пластични алатки!

hurgada