orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
Почитувани, поради ослободување на мерките и отворање на границите кон некои земји, ние Ви претставуваме некои програми за Лето 2020. Лето во Албанија во вила АЛЕКС и вила ХРИСТО во КСАМИЛ. Лето во Анталија со чартер програми почнувајќи од 20.07.2020.                  ВАЖНА НАПОМЕНА: Промена на општите услови за патување. За сите резервации направени од месец Мај 2020 година па натаму важат новите општи услови за патувањето кои што можите да ги погледнете на нашата страна.

 

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

 

Вила Христо се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот. Располага со трокреветни студија со можност за дополнително легло, кои се наоѓаат на прв и втор кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима,WI-FI .

Климата е вклучена во цената***

 

Термин

Ноќевања

1/3 + 1 студио

1/3 студио

03.07 - 10.07

7

289 279

10.07 - 17.07

7

289 279

17.07 - 24.07

7

289 279

24.07 - 31.07

7

299 289

31.07 - 07.08

7

299 289

07.08 - 14.08

7

299 289

14.08 - 21.08

7

299 289

21.08 - 28.08

7

299 289

28.08 - 04.09

7

279 249

04.09 - 11.09

7

189 179

11.09 - 18.09

7

189 179

18.09 - 25.09

7

189 179

 

 Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

ВО СТУДИЈАТА ДОЗВОЛЕНО Е СМЕСТУВАЊЕ САМО НА ПАТНИЦИТЕ КОИ ШТО СЕ ВПИШАНИ ВО ВАУЧЕРОТ!!!

 НАПОМЕНИ:

- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Можност за дополнителен кревет во oдредени студија – Бесплатно;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.


ПОПУСТИ:

- За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!


ПЛАЌАЊЕ:

-  Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
-  Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
-  За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

 

За овој аранжман важат општите услови на СКТМ и ТА ОРБИТА!