orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека започнавме со продажба на зимските аранжмани. Погледнете ги понудите и резервирајте си со попуст за рана резервација!!!            Исто така Ве известуваме дека некои понуди за Нова година се со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!! Резервирајте си додека има место!
Vancouver, BC
ЦРНА ГОРА
Цени од 63 €

ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера , е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

 

Програма:

1 ден - 29.12.2018 Битола - Будва

Состанок со групата во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.


2 ден - 30.12.2018 Св. Стефан - Будва

Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови, краток панорамски разглед па продолжување кон Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Ноќевање.


3 ден - 31.12.2018 Дубровник - Будва

Појадок. Факултативен целодневен излет до Дубровник. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Ноќевање.


4 ден – 01.01.2019 Будва – Котор - Битола

Појадок. Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Денско возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.


Редовна цена: 3 900 денари
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Прилеп, Битола, Ресен и Охрид


Цената на аранжманот вклучува:

- Превоз на наведената релација со туристички автобус или минибус
- 2 ноќевања во апартмани во Будва со појадок во ресторан во близина на апартманите ( 20метри
- Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата


Цената на аранжманот не вклучува:

- Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Факултативни разгледи и излети ( Дубровник и Котор) - 20 еur
- Факултативен разглед и излет само до Котор - 5 еur

Напомена:

За реализација на аранжманот се потребни 22 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 15 патници.