orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека започнавме со продажба на зимските аранжмани. Погледнете ги понудите и резервирајте си со попуст за рана резервација!!!            Исто така Ве известуваме дека некои понуди за Нова година се со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!! Резервирајте си додека има место!
Vancouver, BC
ТУРЦИЈА
Цени од 99 €

ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Истанбул — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434 жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот.  Градот се наоѓа во истоимената покраина. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. 

Програма:

 

1 ден 29.12.2018  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2018  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018   ИСТАНБУЛ 

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Дочек на Нова година 2019 на еден од градските плоштади. Враќање во хотел.  Ноќевање.

4 ден 01.01.2019  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

Султански Истанбул + крстарење по Босфор
Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 
За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.11.2018: 99 € / 6.140 ден 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  109 € / 6.760  ден


Цената вклучува:

* Превоз со високотуристички автобус
на релација Скопје – Истанбул - Скопје
* Сместување во хотел 3*  / 2 НП
* Пратител на програмата

* Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето водоцните вечерни часови.

 

Цената не вклучува:

* Факултативни Излети:
* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра
* Крстарење по Босфор – 20 евра
* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра
* Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра
* Влезници за  музеите: 
Топ Капи – 15 евра
Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
Харемот во Топ Капи – 10 евра
* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра
* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 40 евра
* Патничко осигурување 155 мкд.
* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

*** Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

*** Сите други услови на патување важат според годишната програма на T.A.ОРБИТА