orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека започнавме со продажба на зимските аранжмани. Погледнете ги понудите и резервирајте си со попуст за рана резервација!!!            Исто така Ве известуваме дека некои понуди за Нова година се со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!! Резервирајте си додека има место!
Vancouver, BC
ЧЕШКА
Цени од 159 €

ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Прага — главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеке од 1000 години.

Програма:

Термин 29 Декември


1 ден 29.12.2018:  СКОПЈЕ –  ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот  12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ден 30.12.2018: ПРАГА:

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник - Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Сместување во хотел.  Ноќевање.


3 ден 31.12.2018: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка...  да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.   Дочек на Нова Година на гардскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2019: ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена. Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 02.01.2019 : СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018: 159 / 9.860 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 / 10.480 денари


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета и разглед  на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 160мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  (10€)
  • Факултативен излет Карлови Вари (25€)
  • Крстарење со брод по Влтава  (20€)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на T.A.ОРБИТА
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање