Вила "Pavlos" - Скијатос

1 Лице 7 Ноќи 8 Дена
од 79€

Приказната која успеавме да ја раскажеме на успешен начин, ни даде волја да го зголемиме нашиот сместувачки капацитет на Скијатос и да ги кренеме нашите стандарди на уште повисоко ниво за 2022-ра да биде запаметена како година на „Морето и културата“. Скијатос е дестинација каде нашите патници во 2022-ра година ќе може да уживаат во различните концепти кои ги нуди островот. Овде ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Како сместувачки капацитет кој го имаме на Скијатос е „Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат. Вилата е нова и модерна, а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите.  Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.

Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
За вас имаме 17 термини, од почеток на јуни до крај на септември за лето 2022 на островот Скијатос. Изборот е ваш дали ќе одите 7 или 14 ноќи, првиот термин е од 26.05 до 02.06.2022, последниот од 22.09 -29.09.2022. За останатите термини погледнете подолу од понудата. Промотивни цени до 31.12.2021

Teрмини Редовни цени Промо цени
26.05 – 02.06.2022 101 € 79 €
02.06 – 09.06.2022 110 € 88 €
09.06 – 16.06.2022 122 € 98 €
16.06 – 23.06.2022 133 € 107 €
23.06 – 30.06.2022 153 € 123 €
30.06 – 07.07.2022 193 € 154 €
07.07 – 14.07.2022 225 € 172 €
14.07 – 21.07.2022 255 € 199 €
21.07 – 28.07.2022 255 € 199 €
28.07 – 04.08.2022 255 € 199 €
04.08 – 11.08.2022 255 € 199 €
11.08 – 18.08.2022 255 € 199 €
18.08 – 25.08.2022 255 € 199 €
25.08 – 01.09.2022 225 € 189 €
01.09 – 08.09.2022 199 € 159 €
08.09 – 15.09.2022 155 € 124 €
15.09 – 22.09.2022 130 € 104 €
22.09 – 29.09.2022 110 € 88 €

Промо цените важат до 31.12.2021

Во цената на аранжманот е вклучено:
-7 ноќевања – 8 дена на во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Дополнителeлни 30€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

 

Напомени:

  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска), резервацијата се смета за откажена
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се смета од редовната сума. Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 10:00ч по локално време.
  • Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Островот Скијатос нуди многу и вреди да се истражи. За вас организираме екскурзии се со цел подобро да се запознаете со островот.

Факлутативни излети:

Kuunaries Beach


Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos


Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Banana beach


Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона.

 

Јавете се

+398 76 819 994

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Следете нѐ