ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.
Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.
Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот
СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.
Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .
Ноќевање.
ПРВ ДО СЕДМИ ДЕН
Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.
Во Истанбул се посетува следното:
По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
УСКУДА
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.
EMAAR SQUERE MALL
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.
ОСМИ ДЕН
Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.
Хотел MARIN PRINCESS 5*
Хотелот Marin Princess e паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.
Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.
Термин: | Поаѓање на: | Редовна цена: | Промо цена: |
07.06 - 14.06.2022 | 06.06.2022 | 169 EUR | 159 EUR |
14.06 - 21.06.2022 | 13.06.2022 | 189 EUR | 175 EUR |
21.06 - 28.06.2022 | 20.06.2022 | 189 EUR | 175 EUR |
28.06 - 05.07.2022 | 27.06.2022 | 199 EUR | 185 EUR |
05.07 - 12.07.2022 | 04.07.2022 | 209 EUR | 199 EUR |
12.07 - 19.07.2022 | 11.07.2022 | 219 EUR | 199 EUR |
19.07 - 26.07.2022 | 18.07.2022 | 229 EUR | 199 EUR |
26.07 - 02.08.2022 | 25.07.2022 | 229 EUR | 199 EUR |
02.08 - 09.08.2022 | 01.08.2022 | 229 EUR | 199 EUR |
09.08 - 16.08.2022 | 08.08.2022 | 229 EUR | 199 EUR |
16.08 - 23.08.2022 | 15.08.2022 | 229 EUR | 199 EUR |
23.08 - 30.08.2022 | 22.08.2022 | 219 EUR | 199 EUR |
30.08 - 06.09.2022 | 29.08.2022 | 209 EUR | 195 EUR |
06.09 - 13.09.2022 | 05.09.2022 | 199 EUR | 185 EUR |
13.09 - 20.09.2022 | 12.09.2022 | 189 EUR | 175 EUR |
20.09 - 27.09.2022 | 19.09.2022 | 179 EUR | 165 EUR |