orbita_info@yahoo.com +389 48 413 165 +389 76 819 994
instagram
Почитувани, Ве известуваме дека започнавме со продажба на зимските аранжмани. Погледнете ги понудите и резервирајте си со попуст за рана резервација!!!            Исто така Ве известуваме дека некои понуди за Нова година се со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!! Резервирајте си додека има место!

 Почитувани патници.


Ве молиме погледнете ги вашите патни исправи и документи веднаш по вашето добивање. Можните грешки или пропусти мората да ги рекламирате во рок од 24 часа, во спротивност ние не можеме да ги сносеме одговорноситите. Исто така треба да имате во предвид дека Ви се потребни одредени документи кога патувате со авион. За било која дестинација ќе ви биде потребна возачка дозвола или важечки пасош. Кога летате на меѓународни летови, имајте во предвид дека морате да имате важечки пасош, и дека повеќето земји бараат важечка виза, пред да ве пуштат да влезете во нивна територија.


Понекогаш некои држави бараат да имате и транзитна виза доколку патувате како транзит преку некоја дестинација. Во секој случај ваша одговорност е да се информирате какви документи треба да имате за патување. Единствена вистинска информација во врска со визите и пасошите можете да добиете од конзуларните претставништва на државите во кои имате намера да патувате или да ги посетите. Авио компаниите ја намалуваат максималната тежина на куферите кои можете да ги носите со Вас бев дополнителна доплата. За скоро сите авио компании важи: максимум 1 куфер од 24 фунти(тежина) по патник. Доколку сакате да носите уште еден кој може да биде максимум до 50 фунти тежина, морате да доплатите 24 евра, кога правите check in. Затоа ве молиме направете предходна проверка со самата авио компанија пред поаѓање, да не би дошло до непријатна ситуација на аеродромот. Авионите исто така повремено каснат. Некогаш доаѓа до закаснување заради квар на авионот, недостаток на посада и слични технички причини. Сите тие закаснувања се одговорност на авио компанијата. Некогаш закаснувањате се должат на лошото време односно невреме или други слични временски неприлики и непогоди. За ваков вид на каснење авио компаниите не се одговорни.


И двата вида на каснење можат да доприносат за ваше закаснување на наредниот лет. Ни во еде од случаите Орбита не може да биде одговорна за закаснувањето на авионот. Орбита секогаш прави резервации кои се во согласност со правилата за транзит помеѓу летовите.
Овој документ се обидува да ви ги објасни вашите права и одговорности и уште поважно што би требале да преземете. Во случај на каснење на авионот, погледнете го вашиот итинерер и востановете дали би можеле да стигнете на наредниот лет. Ако мислите дека постои можност да не стигнете и не се качите на следниот авион веднаш обавестете го службеникот на авио компанијата, дали би можеле да го фатите веднаш наредниот кој оперира. Замолете ги да ви најдат некоја друга солуција за лет, која ќе ве донесе до крајната дестинација. Ние не можеме да ви гарантираме дека дадената авио компанија ќе сака да ви помогне на овој начин, но секогаш вреди да покушате. Некогаш повеќе се исплаќа да го одложите патувањето за ден покасно, одколку да патувате знаејќи дека секако ќе го пропуштите наредниот лет во градот во кој трреба да го промените вашиот лет е со промена на авионот, и таму да морате да преноќите.


Исто така имајте на знаење дека авио компаниите повремено ги менуваат редовите на летање или ги откажуваат своите летови. Оваа појава е доста ретка, но се случува. Во тој случај авио компанијата ја презема грижата за вас како би ве згрижила.
Понекогаш ги префрлува своите патници на друг лет од друга компанија, или ги праќа алтернативно преку друг град. Затоа многу е важно да секогаш, вашата резервација ја потврдите со авио компанијата 72 часа пред полетување. Истата процедура важи за во случај на тероризам или забана на летање, од страна на една или повеќе држави. Во тој случај морате да се обратите до авио компанијата или до најблиското претставништво на Орбита.


Имајте предвид дека Орбита не одлучува за измените на редот на летање кои можат да се случат по купувањето на вашиот билет. Не сносиме одговорност за промените на летови или откажување на летовите после купувањето на вашата карта. Исто така не сносиме одговорност доколку се случуваат промени во редот на летање или откажување или воведување на санкции. .
Уште еднаш се заблагодаруваме на поверението кое ни го укажавте, и ви посакуваме пријатен и угоден лет. Доколку имате некаков предлоги или проговор на нашата услува , било пред или после патувањето, најљубезно ве молиме да ни се обратите.