Орбита е туристичка агенција основана во 1999 година како професионалната заинтересираност на основачот и директор , господинот Звонко Ширкоски. Денес агенцијата поседува лиценца "A" за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија.

Image in Post

 

Одделот за странски туризамработи со организирани екскурзии според барање на групи или поединци, индивидуални патувања за хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз.

Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија, хотелско сместување, превоз и туристички водич. Исто така нуди и екскурзии на најубавите места во Македонија .

Нашите вработени поседуваат меѓународни IATA сертификати за резервација, продажба и издавање на авионски билети.

Отворени сме за соработка со своите колеги и партнери од туристичкиот дел на македонското стопанство, и сме потполно спремни да ги градиме и споделуваме со нив сите позитивни искуства.

 

Персонал:
Ширкоски Звонко – Генерален и извршен директор
Ширкоски Наум – Туристички аранжмани, авионски билети и услуги
Дунимаглоска Михаела - Туристички аранжмани, услуги и патничко осигурување
Ширкоска Сузана - Сметководство