Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите патувања

Промоција

Венеција – 8ми Декември – авио

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот.

  • 3 ноќевања / 4 дена
  • Следно поаѓање: 06.12.2026
  • Авионски превоз
  • Венеција
од 299 € 18.538 ден. по лице

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

Факултативни излети

Посета на Падова ,Тревизо и Венција и Локален Водич во Венеција со слушалки

Цена за пакет: 50

Термини и цени

ТерминТраењеЦенаСтатусРезервација
06.12 – 09.12.20263 ноќевања399 € 299 €
18.538 ден.
Слободни местаРезервирај

Програма по денови

1. ден · 06.12.2026

Собир на Скопскиот аеродром во 15:00ч. Полетуваме за Венеција во 17: 00ч. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локален водич. Ноќевање.

2. ден · 07.12.2026

По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање

3. ден · 08.12.2026

По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4. ден · 09.12.2026

По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 13:10. Летот за Скопје е во 15:30.

Што е вклучено

Цената вклучува

  • 3 ноќевања во хотел со појадок
  • Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
  • 8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
  • Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Лиценциран придружник

Цената не вклучува

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Багаж над 10 КГ – информации во агенција
  • Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место ( задолжителен излет)

Информации и услови

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123