Појадок. Препорачуваме целодневен излет … посета на монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб – градот на уметноста и медитеранскиот шарм, прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 12€)…
Сместен меѓу Ница и Кан, Антиб е едно од најшармантните гратчиња на Азурниот Брег. Со своите тесни калдрмисани улички, цветни балкони, живописни плоштади и прекрасни погледи кон Средоземното Море, овој град плени со автентичната француска атмосфера.
Посебен бисер е Музејот на Пикасо, сместен во историскиот замок Грималди, каде што славниот уметник творел во 1946 година. Денес музејот чува дел од неговите дела и ја раскажува приказната за неговата поврзаност со овој волшебен град.
Антиб – место каде што морето, историјата и уметноста создаваат вистинска медитеранска магија… потоа продолжуваме со посета на Ница… Сместена покрај тиркизните води на Средоземното Море, Ница е град во кој француската елеганција се спојува со медитеранскиот шарм. Позната по прекрасното шеталиште Promenade des Anglais, палмите, шарените фасади и живописните улички на стариот град, Ница освојува со својата неповторлива атмосфера.
Прошетајте низ романтичниот стар дел, уживајте во шарените пазари и откријте ги прекрасните панорамски погледи од ридот на замокот – Colline du Château.
Ница – град на сонцето, уметноста и медитеранската магија, каде што секоја прошетка е ново доживување… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во хотел.
Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.