Појадок. Можност за индивидуална посета на Дизниленд Париз, до кој се пристигнува со градскиот железнички превоз. Пред вас е еден од најпознатите забавни комплекси во Европа, создаден за децата, но и за сите оние кои знаат да се радуваат и да уживаат како деца. Комплексот го сочинуваат Disneyland Park, со своите препознатливи бајковити атракции и ликови, и Walt Disney Studios Park, посветен на светот на филмот, телевизијата и создавањето на познатите Дизни приказни. Посетителите можат да уживаат во бројни атракции, спектакуларни претстави и средби со омилените Дизни ликови. Во рамките на комплексот се наоѓа и Disney Village, шопинг и забавна зона со продавници, ресторани, бутици и места за одмор. Во
попладневните/вечерните часови враќање во Париз, или по појадокот, поаѓање со локален транспорт – метро кон еден од најшармантните и најпрепознатливите делови на Париз. Следува прошетка низ Монмартр, познат по своите тесни улички, уметничката атмосфера и неповторливиот боемски дух.
Претпладнето е резервирано за запознавање со автентичниот париски амбиент и историјата на Монмартр – ридот кој кон крајот на XIX и почетокот на XX век бил едно од најзначајните средишта на европската уметничка сцена. Особено во периодот од 1870-тите до Првата светска војна, тука живееле и твореле голем број познати сликари, графичари, писатели, поети и музичари. Евтините ателјеа, кабарето и слободниот боемски начин на живот го претвориле Монмартр во вистински магнет за уметници од цела Европа, меѓу кои Реноар, Ван Гог, Пикасо, Модилјани и многу други. Прошетката продолжува кон Пигал, еден од најпознатите и најживописни квартови во Париз, препознатлив по својата богата историја, ноќниот живот и кабаретската традиција. Следува посета на надворешноста на легендарното Moulin Rouge, едно од најпознатите кабареа во светот и симбол на парискиот ноќен живот. Попладнето е предвидено слободно време за индивидуална прошетка и уживање во Париз