Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите патувања

Промоција

Пролом Бања 2 ноќи – 8ми Декември

Пролом Бања – дар од природата, удобно сместена под падините на величествената Радан планина. Овде времето тече побавно, воздухот е кристално чист, а тишината ја прекинува само шумот на природата.

  • 2 ноќевања / 3 дена
  • Следно поаѓање: 06.12.2026
  • Автобуски превоз
  • Пролом Бања
  • Поаѓање: Скопје – 05:30 (паркинг кај СЦ Борис Трајковски). Организиран трансфер од Прилеп со доплата – инфо во агенцијата.
од 175 € 10.850 ден. по лице, минимум 2 лица во соба

Пролом Бања – дар од природата, удобно сместена под падините на величествената Радан планина. Овде времето тече побавно, воздухот е кристално чист, а тишината ја прекинува само шумот на природата. Лековитите извори ја кријат тајната на прочуената Пролом вода – благороден еликсир што носи здравје, свежина и нова енергија. Во овој мирен рај, телото и душата ја наоѓаат својата рамнотежа.

ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП СО ДОПЛАТА – Инфо во агенцијата арска противвредност по курс 1€/62ден Цена по лице за минимум 2 лица во соба Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
  • Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено – затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
  • Користење теретана и фитнес сала
  • Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
  • Туристичка такса
  • Организација и реализација со туристички придружник

Термини и цени

ТерминТраењеЦенаСтатусРезервација
06.12 – 08.12.2026
Промо цена за комплетна уплата до 30.10.2026
2 ноќевања185 € 175 €
10.850 ден.
Слободни местаРезервирај

Програма по денови

1. ден · 06.12.2026 – Скопје – Пролом Бања

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2. ден · 07.12.2026 – Пролом Бања

Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

3. ден · 08.12.2026 – Пролом Бања

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Што е вклучено

Цената вклучува

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (Пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полн пансион – појадок, ручек и вечера (шведска маса)
  • Користење на услугите од Велнес центарот: затворен и отворено-затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
  • Користење теретана и фитнес сала
  • Користење сала за рекреација (билијард, пинг-понг, пикадо)
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
  • Туристичка такса
  • Организација и реализација со туристички придружник

Цената не вклучува

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 5€ (доплата на лице место)

Информации и услови

Попусти и опционални доплати

  • Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
  • Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден

Важни напомени

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123