По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел.Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Дрвенград. Сместено на ридот Межавник во паркот на природата Мокра Гора, точка на средба на две прекрасни српски планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е производ на фантазијата на филмскиот режисер Емир Кустурица и е изградено за сцени на неговиот филм “Животот е чудо “.Емил Костурица сакал да создаде град што ќе наликува на место каде што некогаш живееле луѓе, всушност никој не живеел. „Дрвенград“ има уметничка галерија, библиотека, кино наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица, продавница за торти со домашни слатки, ресторан со традиционална српска кујна, продавница за сувенири итн. Постојат и улици именувани по кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, српскиот актер Миодраг Петровиќ Шкаса и познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Една улица го носи името на Новак Џоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.
Пристигнување во раните утрински часови.