Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите патувања

Врњачка Бања – 8ми Декември

Врњачка Бања – кралицата на бањскиот туризам во Србија! Најпознатата и најпосетуваната бања веќе децении е симбол на здравје, рекреација и уживање.

  • 3 ноќевања / 4 дена
  • Следно поаѓање: 05.12.2026
  • Автобуски превоз
  • Врњачка Бања
од 199 € 12.338 ден. по лице

Врњачка Бања – кралицата на бањскиот туризам во Србија! Најпознатата и најпосетуваната бања веќе децении е симбол на здравје, рекреација и уживање. Со модерни велнес погодности и врвна СПА услуга во хотелот „Фонтана“, таа нуди совршен спој на традиција и современост. Урбаните прошетки низ живописните улици и паркови ѝ даваат дополнителен шарм, правејќи ја идеален избор за релаксирачки викенд и незаборавно патување за 8-ми Декември.

Термини и цени

ТерминТраењеЦенаСтатусРезервација
05.12 – 08.12.20263 ноќевања199 €
12.338 ден.
Слободни местаРезервирај

Програма по денови

1. ден · 05.12.2026 – Скопје - Врњачка Бања

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

2. ден · 06.12.2026 – Врњачка Бања

Појадок. Слободен ден за одмор, релаксација во Веленс Центарот на хотелот и индивидуални прошетки и разглед низ Врњачка Бања. Ноќевање.

3. ден · 07.12.2026 – Врњачка Бања – Жича – Врњачка Бања

Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.

4. ден · 08.12.2026 – Врњачка Бања – Скопје

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Што е вклучено

Цената вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
  • Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
  • Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
  • Секојдневно користење на Велнес и Спа центар на хотелот
  • Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената не вклучува

  • Патничко и здравствено осигурвање
  • Доплата за туристичка такса 5€ по лице за 3 ноќевања (доплата во агенција)
  • Факултативна посета на манастирот Жица 10€ (доплата на лице место)

Информации и услови

ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП СО ДОПЛАТА - Инфо во агенцијата

ПРОМО цена за комплетна уплата до 30.10.2026 - 179€/11.098ден
Редовна цена на аранжманот 199€/12.338ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

Попусти и опционални доплати

  • Дете до 6,99год во придружба со 2 возрасни бесплатно во хотел (без сопствено легло) доплаќа само за превоз 35€/2.170ден
  • Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720ден на цената на аранжманот

Напомени

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123