Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите сместувања

Early Booking

Хотел Orei – Едипсос, Евиа

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца.

  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Прв слободен термин: 20.05.2027
  • Автобуски превоз
  • Грција, Евиа
од 169 € 10.478 ден. по лице, 7 ноќевања со полупансион, превоз и траект

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

Опис
Хотел Oreoi е пријатен и функционален хотел во познатото бањско место Лутра Едипсос, на островот Евија. Се наоѓа на одлична локација, на околу 150 метри од плажата, 100–180 метри од центарот и околу 300 метри од термалните извори. Во близина има маркети, ресторани, таверни и кафулиња. Близината до морето и термалните извори го прави погоден избор за гости кои сакаат одмор, прошетки и релаксација, со вклучени појадок и вечера.

Локација
Лутра Едипсос, Северна Евија, Грција
Плажа: околу 150 метри
Центар: околу 100–180 метри
Термални извори: околу 300 метри

Сместување и содржини
Хотелот располага со 27 соби, функционално опремени за удобен престој.

Сите соби располагаат со:
– Клима-уред;
– Телевизор;
– Фрижидер;
– Телефон;
– Сопствена бања;
– Балкон;
– Бесплатен Wi-Fi интернет.

Хотелски содржини и услуги
– Рецепција;
– Лифт;
– Бесплатен Wi-Fi интернет;
– Тераса за одмор;
– Паркинг.

Услуга
Сместувањето е на база полупансион — појадок и вечера:
– Појадок на шведска маса;
– Сервирана вечера.

Предности на хотелот
– Одлична локација во близина на центарот;
– Кратко пешачење до плажата и термалните извори;
– Соби со сопствен балкон;
– Појадок и вечера вклучени во цената;
– Лифт и паркинг;
– Автобуски превоз и траект вклучени во основниот пакет.

BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
–30% попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
Цените се дадени по лице во евра. Уплатите се вршат исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 МКД

Цени и слободни места

Соба / Термин20.0527.057 ноќ.27.0503.067 ноќ.03.0610.067 ноќ.10.0617.067 ноќ.17.0624.067 ноќ.24.0601.077 ноќ.01.0708.077 ноќ.08.0715.077 ноќ.15.0722.077 ноќ.22.0729.077 ноќ.29.0705.087 ноќ.05.0812.087 ноќ.12.0819.087 ноќ.19.0826.087 ноќ.26.0802.097 ноќ.02.0909.097 ноќ.09.0916.097 ноќ.16.0923.097 ноќ.
Стандардна соба (полупансион)169 € На барање229 € На барање259 € На барање299 € На барање319 € На барање329 € На барање339 € На барање349 € На барање369 € На барање369 € На барање379 € На барање379 € На барање369 € На барање349 € На барање309 € На барање279 € На барање259 € На барање229 € На барање
  • Слободно
  • На чекање
  • Резервирано
  • На барање

Што е вклучено

Цената вклучува

  • Повратен автобуски превоз на релација Скопје – Едипсос – Скопје;
  • Повратна траектна карта на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
  • 7 ноќевања во хотел Oreoi, на база полупансион — појадок и вечера;
  • Туристички придружник за време на патувањето.

Цената не вклучува

  • Задолжително патничко осигурување;
  • Туристичка такса од 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања, која се плаќа во објектот;
  • Дополнителни оброци;
  • Факултативни екскурзии и влезници;
  • Останати индивидуални трошоци.

Услови и плаќање

Попуст за два последователни термини

  • За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
  • Black Friday и Early Booking попустите не се комбинираат со други попусти, вклучувајќи го попустот за два последователни термини.

Важни напомени

  • Датумот во ценовникот е датум на пристигнување и почеток на сместувањето. Автобуското поаѓање е претходната вечер.
  • Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 08:00 часот, по локално време, поради подготовка и чистење за следната смена.
  • Во собите се сместуваат лица согласно предвидениот капацитет. Дополнително може да се смести најмногу едно дете до 6 години, без посебно легло, во кревет со двајца возрасни.
  • Фотографиите прикажуваат повеќе соби и служат за општ впечаток за сместувањето. Распоредот и изгледот може да се разликуваат меѓу собите.
  • Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови. Агенцијата не може да гарантира непрекината интернет-врска.
  • За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
  • Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата.
  • Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
  • Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
  • Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.

Превоз

Сопствен превоз

  • За користење сопствен превоз се одобрува намалување од 20 € по лице од цената на аранжманот.

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123