Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на 80км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, кадешто има преубаво шеталиште. Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта, забавни паркови со детски активности, лулашки за најмладите. Цените се многу пониски и поволни во таверните кадешто се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.
Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел на располагање.
Сместување
Хотел Мoyses се наоѓа на 80м од плажа. Хотелот располага со соби за 2 и 3 . Во секоја од собите име единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица.
Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса кадешто има маса и столчиња, рингли во кујната за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.
Собите 119 се наоѓа позади рецепцијата, наведена е како Високо приземје има и своја тераса.
Климата се доплаќа 7 евра од ден.
Базенот не е во употреба.
Собите се во две групи според денот на пристигнување (недела или петок). Во ценовникот секоја соба има цени само за термините од својот ден.












