Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите сместувања

Early Booking

Вила Renome – Петровац

ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ се наоѓа на пола пат помеѓу Будва и Бар и е едно од најубавите приморски места во Црна Гора.

  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Прв слободен термин: 30.05.2027
  • Автобуски превоз
  • Петровац, Црна Гора
  • До плажа: 200 m
од 220 € 13.640 ден. по лице, 7 ноќевања со појадок и вечера

ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ се наоѓа на пола пат помеѓу Будва и Бар и е едно од најубавите приморски места во Црна Гора. Ова мало приморско место е познато по кристално чистото море, долгата песочна плажа и историските знаменитости кои се наоѓаат во неговата околина го прават Петровац идеално место за фамилијарен одмор.

Градската плажа е долга околу 600м и заедно со плажата Личице се едни од најубавите на Јадранот. Во непосредна близина се наоѓаат и две островчиња, а на едното од нив е изградена и црквата Св. Недела.

Во нашата понуда за лето 2027, Ви ја представуваме вила РЕНОМЕ.

ВИЛА РЕНОМЕ ВО ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ, се наоѓа на 200м од плажата Лучице и 600м од градската плажа во Петровац. Вилата е идеален избор за сите оние кои сакаат убав фамилијарен одмор. Вила Реноме располага со студија за три лица и апартмани ( со една, две и три спални соби).

Секоја соба (студио или апартман) е опремено со кујна, тоалет, клима, тв, тераса со поглед кон базен, инренет.

Вилата има и базен со лежалки кој е на располагање само за гостите на вилата. Користење на базен од 10-20 часот. За најмалите гости има и детско катче. Детско креветче – на барање (бесплатно). Вилата располага и со паркинг ( се наплаќа 5 евра дневно по возило )

Погодности

  • Wi-Fi
  • Клима уред
  • Кујна
  • Сопствено купатило
  • Тераса / балкон
  • ТВ
  • Паркинг
  • Базен

Превоз (цена по лице)

Поаѓање одВозрасниДеца
Прилеп50 €40 €
Кавадарци (Дреново)50 €40 €
Велес50 €40 €
Скопје50 €40 €

Што е вклучено

Цената вклучува

  • 7 ноќевања со појадок и вечера – шведска маса

Цената не вклучува

  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
  • Превоз

Услови и плаќање

Услови за плаќање

-20% попуст за резервации до 31.12.2026 со уплата од 50% и целосна доплата до 01.03.2027

  • Цените се дадени по лице ( 7 ноќевања со појадок и вечера – шведска маса)
  • Деца до 4години ГРАТИС (при сместување со двајца возрасни)
  • Деца до 12години 50% попуст (при сместување со двајца возрасни)
  • 20% попуст за трето возрасно лице или деца над 12 години ( во студио 1/3)
  • За сместување во студио плаќаат мин 2 лица, а за сместување во апартмани мин 3 лица, освен за апп со 2 и 3 спални каде мин е 4лица
  • Доплата за автобуски превоз 50 евра за возрасни и 40 евра за деца до 12 год.
  • ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)
  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • ТА Орбита не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.

Реализација на понудата или откажување

  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123