Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите сместувања

Early Booking

Хотел Golden Beach – Метаморфозис

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето.

  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Автобуски превоз, Сопствен
  • Втор крак, Грција, Метаморфозис
  • До плажа: 20 m
  • До центар: 100 m
Цена на упит

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди.

Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.

Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.

Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;

Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

Цени и слободни места

Ценовникот за оваа сезона наскоро ќе биде објавен.

Погодности

  • Wi-Fi
  • Клима уред
  • Сопствено купатило
  • Тераса / балкон
  • ТВ
  • Паркинг
  • Базен
  • Поглед кон море

Превоз (цена по лице)

Поаѓање одВозрасниДеца
Скопје60 €45 €
Велес60 €45 €
Неготино60 €45 €
Гевгелија60 €45 €

Што е вклучено

Цената вклучува

  • 7 ноќевања со појадок и вечера (полупансион)
  • Користење на клима уред
  • Wi fi интернет
  • Користење на базен и лежалки покрај базенот

Цената не вклучува

  • Превоз
  • Туристичка такса (на лице место во xотелот)

Услови и плаќање

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • 10% попуст на сите термини
  • Уплата 50% од износот на аранжманот
  • Доплата до 20.02.2027
  • Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

НАПОМЕНА:

  • Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7

ноќевања;

  • Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години.
  • Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман'' од

0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;

  • Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
  • Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
  • Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
  • Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно

легло, плакаат по 20% од цената за возрасен

  • Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
  • Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло - БЕСПЛАТНО
  • Втора, трета, четврта и петта возрасна особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
  • Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
  • Бебешко креветче (BABY COT) – на барање со доплата, 3 еур. на ден.
  • Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
  • За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123