Повеќе од вообичаеното — патувај со Орбита

← Сите сместувања

Early BookingПромоција

Вила Hristos – Сивири

Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

  • 7 ноќевања / 8 дена
  • Прв слободен термин: 22.05.2027
  • Автобуски превоз, Сопствен
  • Грција, Прв крак, Сивири
  • До плажа: 20 m
  • До центар: 100 m
од 169 € 10.478 ден. наем на студио/апартман

Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не ja заборавиме најдобрата страна на ова магично место, Во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!

Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.

Цени и слободни места

Соба / Термин22.0529.057 ноќ.29.0505.067 ноќ.05.0612.067 ноќ.12.0619.067 ноќ.19.0626.067 ноќ.26.0603.077 ноќ.03.0710.077 ноќ.10.0717.077 ноќ.17.0724.077 ноќ.24.0731.077 ноќ.31.0707.087 ноќ.07.0814.087 ноќ.14.0821.087 ноќ.21.0828.087 ноќ.28.0804.097 ноќ.04.0911.097 ноќ.11.0918.097 ноќ.18.0925.097 ноќ.
Број 11/2 студиодо 2 лица169 € На барање199 € На барање289 € На барање369 € На барање419 € На барање439 € На барање479 € На барање539 € На барање539 € На барање539 € На барање539 € На барање539 € На барање539 € На барање509 € На барање439 € На барање389 € На барање289 € На барање219 € На барање
Број 21/3 студиодо 3 лица209 € На барање269 € На барање349 € На барање409 € На барање479 € На барање529 € На барање559 € На барање649 € На барање649 € На барање649 € На барање649 € На барање649 € На барање649 € На барање599 € На барање509 € На барање419 € На барање319 € На барање239 € На барање
Број 31/4 апартмандо 4 лица229 € На барање289 € На барање389 € На барање479 € На барање559 € На барање609 € На барање649 € На барање769 € На барање769 € На барање769 € На барање769 € На барање769 € На барање769 € На барање719 € На барање599 € На барање489 € На барање359 € На барање279 € На барање
  • Слободно
  • На чекање
  • Резервирано
  • На барање

Погодности

  • Wi-Fi
  • Клима уред
  • Кујна
  • Сопствено купатило
  • Тераса / балкон
  • ТВ
  • Паркинг
  • Поглед кон море

Превоз (цена по лице)

Поаѓање одВозрасниДеца
Скопје60 €45 €
Велес60 €45 €
Неготино60 €45 €
Гевгелија60 €45 €

Што е вклучено

Цената вклучува

  • Наем на студио/апартман
  • Wi-fi интернет
  • Клима

Цената не вклучува

  • Туристичка такса
  • Превоз

Услови и плаќање

НАПОМЕНИ:

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
  • Туристичка такса се плаќа во агенција;
  • Интернетот во вилата е во функција после 01 Јуни
  • Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
  • Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
  • Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

 

ПОПУСТИ:

  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
  • Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

  • 10% на сите термини Уплата 50% од износот на аранжманот;* Доплата до 25.02.2027;
  • Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

ПРЕВОЗ:

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Локација

Резервација

Испрати барање

Изберете термин и број на патници — ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда.

Барањето не е обврзувачко. Ја проверуваме достапноста и ве контактираме со потврда и информации за плаќање.

Имате прашање?

Јавете ни се секој работен ден — со задоволство ќе ви помогнеме.

075 845 711

079 407 123