Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
Хотел Галини се наоѓа на Едипсос во Северна Евија, еден од најпопуларните и космополитски бањски градови во Грција, мирен дел без градски содржини. Корисните својства на термалните извори комбинирани со кристално чистите води на Егејскиот Залив, бујното зеленило, прекрасното зајдисонце и гостопримливио дух на жителите го прават Едипсос идеална туристичка дестинација, особено за летниот период од годината. Пошироката област е полна со предизвици. Живописните села, манастирите, песочните плажи и баровите се некои од бескрајните избори кои им се понудени на посетителите.
Хотелот располага со прекрасно уреден двор со зеленило и цвеќиња, катче за деца со лулашки, снек бар со прекрасен поглед кон морето, бесплатен Wi-Fi интернет на јавни површини, топла и пријатна амтосфера. На плажата , покрај кристално чистото море, која е песочно-шљункаста на одредени делови каменеста, гостите имаат на располагање бесплатни лежалки и чадори доколку се нарача пијалок од барот. Хотелските соби се декорирани со едноставен стил, светли и комотни, истите се стандардно опремени со приватен балкон, клима, ТВ, мини фрижидер, тоалет со туш и се со поглед кон море, градина или планина. Пристаништето на Едипсос е на 800м оддалеченост, центарот на градот е на 1км, а пак термалните извори се на 1,7км.
- Во основните цени не се пресметани попусти.
- За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги
- ** (Освен за резервации во РАН БУКИНГ, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу) ***
Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 2 НЕДЕЛИ (15 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ.
Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.
Hotel Galini 2* (Edipsos, Agios Nikolaos)
** ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА **
** ЦЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРИ ПО КУРС 1 ЕВРО = 62 МКД **
– Дете од 0-8,99 БЕСПЛАТНО и Второ Дете само во “FAMILY” до 8.99 БЕСПЛАТНО
– Деца од 9-15,99 ПОПУСТ 20 ЕУР на ДЕН
– Трето Лице -30%












