Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
Опис
Вила Фарос се наоѓа на одлична локација во Лутра Едипсос, на само 50 метри од плажата, на островот Евија, познат по своите термални извори.
Објектот нуди еднокреветно и двокреветно сместување, вклучувајќи соби со поглед кон морето. Близината до плажата и можноста за користење кујна овозможуваат практичен и удобен престој. Клима-уредот и Wi-Fi интернетот се вклучени во цената.
Локација
Лутра Едипсос, остров Евија, Грција
Плажа: 50 метри
Адреса: Iroon Polytechniou 3.
Сместување
Собите располагаат со
- Кревети согласно предвидениот капацитет;
- Сопствена бања со туш;
- Телевизор;
- Клима-уред — бесплатно;
- Wi-Fi интернет — бесплатно;
- Постелнина и пешкири.
Сопствена кујна имаат сите соби освен 10 и 11, кои користат посебна заедничка кујна. Сопствена тераса имаат сите соби освен 1 и 2, кои ја користат големата заедничка тераса.
Распоред и особености на собите
Услуга и хигиена
- Чистење на сместувачките единици на секои 7 дена;
- Промена на постелнината на секои 3–4 дена;
- Промена на пешкирите на секои 3–4 дена;
- Секојдневната хигиена за време на престојот ја одржуваат гостите.
Предности на вилата
- Одлична локација, на само 50 метри од плажата;
- Избор на соби со поглед кон морето;
- Можност за еднокреветно сместување;
- Бесплатна клима и Wi-Fi интернет;
- Сопствена кујна во повеќето соби;
- Вклучен автобуски превоз и траект во пакетот.
Вила фарос – лутра едипсос, евија
ЛЕТО 2027 | 7 НОЌЕВАЊА СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ТРАЕКТ












