Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Објавен како дел од каталогот за патувања на весникот за 2024 година со наслов „15 грчки острови кои треба да се посетат во 2024“.
„Миконос и Санторини можеби се очигледни ѕвезди на шоуто, но расфрланите острови во Грција кријат многу убави места, а нудат и прекрасни плажи, храна и искуства, пишува Тајмс.
За Скијатос пишуваат дека е дом на едни од најсовршените плажи во Грција и додаваат дека Скијатос е место каде зелените борови шуми се спуштаат од ридовите и планините за да се сретнат со Егејското море.
План и програма
Прв ден 30.04.2025 тргање (среда)
Собир на групата пред хотел Русија околу 22-23часот.За точно време на тргање патниците ке добијат СМС порака два дена пред терминот, во зависност од возниот ред на траект компаниите .Ноќно возење со попатни паузи
Втор ден 01.05.2025 -Свечена вечера (четврток)
Откако ќе пристигнете сместување и време за одмор. Половина ден за слободни активности и прошетки. Во вечерните часови огранизирана свечена вечера во некоја од таверните.
Трет ден 02.05.2025 (петок)
Ден за слободни активности и прошетки низ една од најубавите пешачки улици во Скијатос-Пападијаманти, можност за посета на некоја од плажите, дружење и уживање во најубавото кафе со преубав поглед кон Аеродром или ручек во некоја таверна со цел да го почувствувате духот на островот.
Четврти ден- 03.05.2025 Крстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos (Сабота)
Во дооворено време се уплатуваме на крстарење. Во групата на најубави плажи на Скијатос,а за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Петти ден -04.05.2025 Враќање
Поаѓање кон Македонија околу 14 часот.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 евра