facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

За Орбита

ЗА ОРБИТА

Орбита е туристичка агенција основана во 1999 година како професионалната заинтересираност на основачот, господинот Звонко Ширкоски.

Денес агенцијата поседува лиценца "A" за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија.

Долгогодишното работење и организирање на патувања, остварените многубројни проекти во светот на туризмот, патувањата и прекрасните доживувања не доведоа до остварување на еден голем сон. Остварување на сонот на сите љубители на патувањето и авантуристи, со понуда на прекрасни неодоливи дестинации и доживувања и најважно од се најдобрата услуга и најголемото внимание кои вие драги патници го заслужувате.

Туристичката агенција ОРБИТА е основана со цел на своите клиенти да им ги понуди сите туристички услуги на едно место!

Креативни

Создаваме патувања од соништата само за Вас, Вашето семејство и пријателите. Без разлика дали се работи за некоја подалечна дестинација, крстарење, одмор во некој wellnes центар или бизнис патување – Вашата насмевка е нашата крајна цел.

Динамични

Наша амбиција е постојано да напредуваме и да ги обезбедиме најдобрите и најинтересните понуди. Константниот напредок во областа на подобрување на туристичките услуги е нашата секојдневна задача на којашто пристапуваме сериозно и посветено.

Професионални

Вработените во нашата агенција се со долгогодишно искуство во туризмот и работа со клиенти. Ние ништо не оставаме на случајност – тука сме да ја предложиме најдобрата варијанта, да излеземе во пресрет, да ги сослушаме вашите предлози и да дадеме соодветен одговор(совет).

Посветени

Нашите вработени се посветени на својата работа. Сакаат да направат се на најдобар можен начин се со цел на задоволни клиенти.

УСЛУГИ

Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии според барање на групи или поединци, индивидуални патувања за хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз.

Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија, хотелско сместување, превоз и туристички водич. Исто така нуди и екскурзии на најубавите места во Македонија .

Нашите вработени поседуваат меѓународни IATA сертификати за резервација, продажба и издавање на авионски билети.

Отворени сме за соработка со своите колеги и партнери од туристичкиот дел на македонското стопанство, и сме потполно спремни да ги градиме и споделуваме со нив сите позитивни искуства.

 

НАШИОТ ТИМ

Наум Ширкоски

Директор

Михаела Ширкоска

Туристички аранжмани и услуги

Делфина Адрејевска

Туристички аранжмани и услуги

Сузана Ширкоска

Авионски билети и услуги

Звонко Ширкоски

Основач

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.