facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Атракции кои можете бесплатно да ги посетите во Римини

Орбита Ве советува за неколку атракции во Римини кои мора задолжително да ги посетите. Римини е град- музеј на отворено! Оние кои ќе го посетат стариот град, центарот на Римини, со сигурност ќе посакаат да се вратат веќе наредниот ден.

Орбита со неколку совети за тоа што треба да посетите во стариот град на Римини:

Римини има две главни атракции во градот кои се зачувани од римско време! Овде е (Арх) Arco d’Augusto и мостот Тибериј кој е стар 2000 години!

Ancient Arch of Augustus Roman Emperor in Rimini Adriatic Sea Italy

За Арх, треба да знаете дека е изгаден во време на царот Август, а мостот започнал да се гради за врмее на Август, а завршува во времето на Тибериј!

Лактот на Авугст (Арх-от) е најстариот римски лак во Италија! На страните на лакот има четири медалјони со слики на антички богови.

Historical roman Tiberius bridge over Marecchia river during sunset in Rimini, Italy

Мостот Тибериј е стар 2000 години и е импозантна заоблена камена структура над самата река Марекија. И покрај староста, мостот верно му служи на локалното население. Изненадувачки факт е дека по него не се движат само пешаци, туку и возила.

Задолжително треба да го посетите плоштадот Кавур

Place Cavour е уникатен плоштад кој е опколен со прекрасни палати, а меѓу кои се наоѓа и палатата на Павле V, како и фонтана од бел мермер.

Cavour Square in Rimini adriatic riviera Emilia Romagna Italy

Не заборавајте да прошетате низ стариот град на Римини, населбата именуванакако Понте Ди Тиберио. Низ населбата има многу мали улици со калдрма и многу добри ресторани. Но она што е највпечатливо во Понте Ди Тиберио се муралите кои ги красат куќите и разните дуќани во стариот град.

На листата на посети треба да го додадете затворениот пазар во Римини

Љубителите на добрата локална храна имаат можност да го посетат затворениот пазар во Римини и да се запознаат со локалното население кое секојдневно продава морска храна, локално овошје и зеленчук, домашни тестенини, локални сирења и пршута. Покриениот пазар во Римини е светот каде можете да откриете многу вкусови и да уживате во спојот помеѓу традицијата и модерното! Самиот шарм на пазарот ќе ви ја долови вистинската слика за животот на италијанците.

Има уште многу историски и културни атракции кои вреди да ги посетите во Римини, а за кои ќе пишуваме дополнително.

ОРБИТА ВЕ ВОДИ ВО РИМИНИ НА ЛЕТУВАЊЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДИТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.