facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Куршумлиска Бања - 8ми Декември

1 Лице 2 ноќи 3 Дена
од 175€

8 ми декември
Куршумлиска бања


Хотел Планика 4*
Куршумлиска бања претставува лекувалиште. Се наоѓа во котлината на Бањска река. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотелот во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

1.Ден 07.12.2024 СКОПЈЕ – Куршумлиска бања
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање во 06 часот. Патување до Куршумлиска бања со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, користење на Спа центарот .Вечера. Ноќевање.

2.Ден 08.12.2024 Куршумлиска бања
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Спа Центарот и прошетка покрај Бањска река. Вечера.Ноќевање.

3.Ден 09.12.2024 Куршумлиска бања - Скопје
Појадок. Напуштање на собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.



Цена на аранжманот 175 евра (10.850,00)
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 

Во понудата е вклучено

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација.
  • Сместување во 1/2 соби во хотел Планика 4* на база 2 ноќевања – (појадок,, вечера – шведска маса ) (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
  • Користење на внатрешно надворешен базен термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
  • Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
  • Користење на сала за забава и рекреација.
  • Туристичка такса.
  • Организација и реализација со туристички придружник.

Во понудата не е вклучено

  • патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Попусти и Доплати

  • Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
  • Дете 7-11.99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло плаќа 90€/5.580ден
  • Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања
  • Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник

    **Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)

Реализација на понудата или откажување

  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.