facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

ТАЈЛАНД - ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА

Земја на илјада насмевки, орхидеи, слонови. Синоним за егзотични тропски пејзажи, мистични храмови, но и за бескрајна забава.

Туристичките места и атракции во Тајланд не може да се избројат, едноставно ги има премногу. Тоа не е држава која се посетува еднаш во животот, напротив - секоја посета ве остава нетрпеливи за следното, повторно враќање.
Бангкок со околината е приказна која не смее да се пропушти. Тука е и мистичниот север (Чанг Маи) каде природата културата, духовноста и архитектурата никого не оставаат рамнодушен. Патаја од друга страна ги спојува урбаните задоволства и релаксацијата покрај плажите. Но, островите се она што најмногу ги привлекува милионите туристи кои го посетуваат Тајланд - Пукет, Ко Чанг, Ко Самет, Ко Самуи, Ко Ланта, Ко Мак, Пи Пи, и многу други се всушност местата на разгледниците од Тајланд.

Орбита Ви овозможува да ги посетите најатрактивните места на Тајланд. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување која може да вклучи едно или комбинација на повеќе посетени места, екскурзии, трансфери, авионски карти итн...

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.