facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Сејшелски острови

СЕЈШЕЛИ – ОСТРОВИ НА ВЕЧНОТО СОНЦЕ

Доколку се одлучите да патувате на Сејшелите, бидете подготвени за нереални убавини и незаборавни искуства. 

Овие острови со легендарна убавина претставуваат архипелаг составен од 115 гранитни и корални острови, од кои 33 населени. Се наоѓаат во западниот дел на Индискиот Океан, на 1500 км од Африканскиот континент. Овој изолиран рај според многумина е најубавиот архипелаг во светот.
Бујната тропска вегетација, разнобојните корални гребени, густите тропски шуми, сафирната боја на океанот, километарските плажи со бел песок, џиновските желки и изобилството на ретки егзотични птици се разгледница од Сејшелиските острови. Ануркањето на Сејшелите е посебно искуство бидејќи корланите гребени како природно богатство се заштитени на национално ниво.

 Најголемиот остров е Махе каде живее 90% од населението. На него е меѓународниот аеродром како и главната престолнина - градот Викторија, кој е воедно и најмалиот главен град во светот. Махе го красат многубројни ботанички градини со тропски цвеќиња и растенија, плантажи со чај и песочни плажи со боја на ванила. Најголемата плажа на овој остров е Beau Vallon а се наоѓа на северозападниот брег на островот. Оваа плажа се карактеризира со отсуство на морски струи, карпи и корали; што ја прави идеална за бањање и прв избор на многу посетители. Друга убава плажа на островот е Ance Intendance, лоцирана на јужниот дел од островот и позната по белите песоци. Плажата Ance Soleil е исто така една од поатрактивните, особено меѓу љубителите на нуркањето.

Праслин е вториот остров по големина, оддалечен 45 км североисточно од Махе. Познат е по градината Vallée de Mai, која се вбројува во светското наследство на УНЕСКО. На островот расте најголемиот кокосов орев  Coco de Mer. Најпознатите рајски плажи на островот се Anse Lazio како и плажата  Cote d’Or.

Многу атрактивен и често посетуван е островот Ла Диг кој плени со својата егзотика и убавина. Единствен начин да се стигне до него е со фери, глисер или друг воден превоз.

Орбита располага со обемна понуда за Сејшелите. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување. 

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.