facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                                     Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Apanemia" - Пефкохори

7 Ноќи 8 Дена
цени од 357€

Пефкохори е селце со варосани куќи меѓу цитрусни и маслинови градини, кое се протега до популарната област за одмарање  на заливот Торонеос. Посетителите може да нуркаат, да возат чамци или шетајќи да го гледаат зајдисонцето пред вечера во гурманските медитерански ресторани или таверни. Баровите и клубовите пуштаат грчка и српска забавна музика откако ќе се стемни. Шопингот е насочен кон сувенири, накит и ликер од лимон. Плажата е долга, тесна и со песок и ситни камчиња. Градчето е многу развиено има голем број на сместувачки капацитети, продавници, таверни, ресторани, барови и супермаркети. Има и пошта, банкомати, бензински пумпи, аптеки, што значи дека ќе може да се снабдите со се што ви е потребно.

Трипадвајзор спред рецензиите го рангирa Хотел Апанемија во топ 3 сместувања во Пефкохори од вкупно 56.

Хотел Апанемиа е  изграден во 2017 година. Составен од  апартмани со една спална соба во кои може да сместат до пет лица. Поделени – со поврзувачка врата – во една главна спална соба со брачен кревет и една дневна соба со два единечни кревети и еден кревет-стол, тие се исклучително удобни за оние кои бараат близина и приватност во исто време.Плажата се наога на околу 350м од хотелот.

Хотелот нуди едноспални апартмани, составени од една спална соба, дневна соба со 2 единечни каучи и 1 софа, кујна и тоалет.

A04 – приземје – Street view 

A05 – приземје – Street view

A09 – прв спрат – Street view 

A10 – прв спрат – Street view 

B10 – прв спрат – Garden view 

B11 – втор спрат – Garden view 

B12 – втор спрат – Garden view  

B13 – втор спрат – Garden view 

B14 – втор спрат – Garden view 

B15 – втор спрат- Garden view 

Термин

Регуларна цена

31.05-07.06

357

07.06-14.06

387

14.06-21.06

460

21.06-28.06

507

28.05-05.07

563

05.07-12.07

627

12.07-19.07

711

19.07-26.07

749

26.07-02.08

749

02.08-09.08

749

09.08-16.08

749

16.08-23.08

749

23.08-30.08

749

30.08-06.09

603

06.09-13.09

495

13.09-20.09

459

20.09-27.09

422

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања (цени за наем)
  • Wi-Fi

Што не е вклучено во цената

  • Скопје / Велес / Неготино / Гр. премин Богородица
  • Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
  • Храна
  • Туристичка такса 5 евра од ден од соба, се плаќа на рецепција.

Важно

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
  • Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
  • За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
  • Попустите Не се комбинираат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
  • Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
  • Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00 час.
  • По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
  • Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
  • Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
  • Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.