+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Вила "Filoxenia" - Врахос

7 или 9 ноќи 8 или 10 Дена
цени од 290€

Врахос се наоѓа на Јонски брег на најубавата плажа помеѓу Превеза и Игуменица и е карактеристична по својата импресивна должина, но и убавиот песок со кој не можат да се пофалат многу плажи на оваа линија. Оваа плажа е наградена со  Blue-Flаg и е идеална за семејства со мали деца. Плажата е голема и ретко може да биде преполна, така што во секое време можете да уживате во мир на неа, дури и можете да се изолирате. Песокот е златно жолт, многу фин и на брегот и во водата. Водата е скоро секогаш кристално чиста, освен кога има големи бранови кои се карактеристични за попладневните часови.

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос. На 50 метри од плажа, со прекрасен двор, природни сенки од маслинови дрвја и лулашки за деца. Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ и Wi-Fi, клима (со доплата 7евра на ден ), пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.

Студио бр.4 и бр.5 троокреветно студио со 3 единечни кревети на високо приземје

Апартмнан бр.3, бр.4 и бр.5 четворокреветни апартман на 1 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.

Апартман бр.1 и бр.2 четворокреветни апартман на 2 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.

РАН БУКИНГ 15% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 28.02.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 28.02.2026.

Термин

Ноќи

1/3 СТД

1/4 АПП

30.05

7

290 €

350 €

06.06

7

320 €

400 €

13.06

7

400 €

490 €

20.06

7

460 €

550 €

27.06

9

590 €

690 €

06.07

9

790 €

890 €

15.07

9

790 €

990 €

24.07

9

790

990 €

02.08

9

790

990 €

11.08

9

790

990 €

20.08

9

750 €

920 €

29.08

7

450 €

590 €

05.09

7

390 €

520 €

12.09

7

350 €

400 €

19.09

7

300 €

350 €

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00 часот, поаѓање во 01.30 часот на паркингот спроти поранешен хотел Бристол. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). 

  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.

  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Орбита НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Орбита“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

  • Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор. 

Организираме превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:

Доплата за превоз:

  • Превоз за возрасен 70 евра / Еден правец 50 евра

  • деца до 12години 50 евра / Еден правец 35 евра

  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.