+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Вила "Alkmene" - Скијатос

1 Лице 7 Ноќи 8 Дена
од 109€

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Alkmene Studios

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на  Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 400 метри. Автобуската станица  до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.

ТЕРМИН РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 
21.05.2026-28.05.2026 132 евра 110 евра
28.05.2026-04.06.2026 150 евра 125 евра
04.06.2026-11.06.2026 174 евра 144 евра
11.06.2026-18.06.2026 198 евра 164 евра
18.06.2026-25.06.2026 222 евра 184 евра
25.06.2026-02.07.2026 239 евра 198 евра
02.07.2026-09.07.2026 263 евра 218 евра
09.07.2026-16.07.2026 299 евра 248 евра
16.07.2026-23.07.2026 299 евра 248 евра
23.07.2026-30.07.2026 299 евра 248 евра
30.07.2026-06.08.2026 299 евра 248 евра
06.08.2026-13.08.2026 299 евра 248 евра
13.08.2026-20.08.2026 299 евра 248 евра
20.08.2026-27.08.2026 299 евра 248 евра
27.08.2026-03.09.2026 239 евра 198 евра
03.09.2026-10.09.2026 215 евра 178 евра
10.09.2026-17.09.2026 179 евра 149 евра
17.09.2026-24.09.2026 155 евра 129 евра
24.09.2026-01.10.2026 131 евра 109 евра

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios(цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Орбита како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Островот Скијатос нуди многу и вреди да се истражи. За вас организираме екскурзии се со цел подобро да се запознаете со островот.

Факултативни излети

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет:

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.