+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Вила "Margarita" - Полихроно

7 Ноќи 8 Дена
цени од 149€

Полихроно е едно од најубавите и најпознатите места на Касандра, совршено за мирен и семеен одмор. Долгата песочна плажа се протега долж целото место, со кристално чиста вода и плитко море, идеално за деца и лежерно пливање. Покрај брегот се наоѓаат бројни таверни, кафулиња и продавници со сувенири и локални производи, како и маркетите за основни потреби. Атмосферата е опуштена, а природата околу местото создава чувство на хармонија и вистински одмор.

Локација: Вила Маргарита се наоѓа на околу 100м. од плажа, не далеку од центарот. Во непосредна близина се наоѓаат бројни таверни, кафетерии, пекари и продавници.

СместувањеПрв и втор кат:  двокреветни, трикреветни студија, четирикреветен дуплекс апартман.

  • Студио 1/2 – два единечни кревета, опремена кујна, ТВ, бања, тераса.
  • Студио 1/3 – еден француски кревет и еден единечен, ТВ, бања, тераса.
  • Дуплекс 1/4 – опремена кујна со трепезарија, две одделни спални соби со по два единечни кревети, бања, два ТВ , два клима уреди и две тераси, едната тераса со директен поглед на море.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства  нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност). 

ЦЕНОВНИК ЗА  7 НОЌИ

12% попуст за рана уплата до 31.01.2026
Важи за термини до 05.07.2026 и термини од 13.09.2026

Период Бр.на ноќи 1/2  студио 1/3 студио 1/4 дуплекс АПП Поглед на море
24.05-31.05 7 149 € 159 € 249 €
31.05-07.06 7 189 € 199 € 289 €
07.06-14.06 7 239 € 249 € 359 €
14.06-21.06 7 329 € 339 € 439 €
21.06-28.06 7 379 € 389 € 489 €
28.06-05.07 7 419 € 439 € 539 €
05.07-12.07 7 459  479  579 
12.07-19.07 7 509  52 629 
19.07-26.07 7 529  549  679 
26.07-02.08 7 529  549  679 
02.08-09.08 7 529  549  679 
09.08-16.08 7 529  549  679 
16.08-23.08 7 529  549 € 679 
23.08-30.08 7 47 499 € 629 
30.08-06.09 7 409 € 429 € 549 €
06.09-13.09 7 329 € 349 € 469 €
13.09-20.09 7 249 € 259 € 359 €
20.09-27.09 7 169 € 179 € 259 €

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН /СТУДИО  ЗА  7 ноќи

Задолжителна доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот).

Превозот се доплаќа

Превоз од Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија

  Повратен превоз Еден правец
Возрасен  50€ 40€
Деца од 02-12 год. 40€ 30€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.