+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 Блог  Услови  За Нас  Контакт

Вила "Alexandra Sun" - Неа Врасна

7 Ноќи 8 Дена
цени од 149€

Неа Врасна се наоѓа во залвот Strimonikos,карактеристична е по долгата песочна плажа,убавото море,многубројните таверни,ресторани и забавни паркови за најмалите.Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе кои ја сакаат прошетката со долги разговори.На оддалеченост од 60 км од Солун,Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор,каде на само неколку стотици метри имате Lidl I Masoutis.

Вила Александра  е нова вила во нашата понуда , на оддалеченост од само 50 метри од море.Располага со четирикреветни студија .Сите соби се опремени со кујни,купатило со ВЦ,клима уред и тераси.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05 , 24.05 , 31.05 , 06.09, 13.09 , 20.09)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

            КОРИСТЕЊЕ НА: КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 5 € ОД НОЌ ОД СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН

КОРИСТЕЊЕТО НА : ПАРКИНГ (2 МЕСТА) (на принцип прво слободно место) WI-FI – Е БЕСПЛАТНО

15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.11.2025( ПОПУСТОТ НЕ ВАЖИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДА )

 
ТЕРМИН ОД: НОЌИ        1/4 Студио 
17.5.2026 7* 149 €
24.5.2026 7* 159 €
31.5.2026 7* 179 €
07.6.2026 7 399 €
14.6.2026 7 419 €
21.6.2026 7 439 €
28.6.2026 7 479 €
05.7.2026 7 549 €
12.7.2026 7 549 €
19.7.2026 7 549 €
26.7.2026 7 549 €
02.8.2026 7 549 €
09.8.2026 7 549 €
16.8.2026 7 549 €
23.8.2026 7 479 €
30.8.2026 7 439 €
06.9.2026 7* 199 €
13.9.2026 7* 179 €
20.9.2026 7* 159 €

НАПОМЕНИ

  • За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 40€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 40€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
  • Патници кои користат само превоз без аранжман – 60 евра повратен билет

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
  • Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ) 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.