Сместена на источните падини на Копаоник, на 681 м надморска висина, Луковска Бања нуди совршен спој на чист планински воздух, термоминерални извори и недопрена природа. Модерните велнес и СПА содржини на Хотел Бела Јела и мирната бањска атмосфера ја прават оваа дестинација идеална за одмор и релаксација за време на Водици.
ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА И ПРИЛЕП СО ДОПЛАТА 20 ЕВРА ПО ПАТНИК ЗА 2 ПРАВЦИ
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2025 - 189€/11.718ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 229€/14.198ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во двокреветни соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки
- и фен за коса).
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
- Користење на внатрешно - надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
- Користење на сала за забава и рекреација.
- Туристичка такса.
- Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!