+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Луковска Бања - Хотел Копаоник - Водици

1 Лице 2 ноќи 3 Дена
цена од 169€
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
 
ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА И ПРИЛЕП СО ДОПЛАТА 20 ЕВРА ПО ПАТНИК ЗА 2 ПРАВЦИ
 
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2025 - 169€/10.478ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 199€/12.338ден 
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
 
Во цената на аранжманот е вклучено: 
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Копаоник 3* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (со класично послужување)
  • Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C 
  • Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи)
  • Користење на сала за забава и рекреација
  • Туристичка такса
  • Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги). 
Попусти и опционални доплати:
  • Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање) 
  • Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање) 
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
Важни напомени:
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта. 
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

 Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

Резервирај сега     

1.Ден 17.01.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.