+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Будимпешта - 8ми Март

1 Лице 2 ноќи 4 Дена
цена од 134€
  • Сигурна реализација!

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА

Будимпешта – бисерот на Дунав, град во кој се спојуваат историјата, уметноста и современиот живот. Главниот град на Унгарија е познат по својата величествена архитектура, термални бањи и романтични панорами. Поделен на Будa и Пешта, поврзани со импресивни мостови, градот нуди незаборавно искуство со знаменитости како Парламентот, Рибарската тврдина, Будимскиот дворец и живата улица Ваци. Будимпешта е совршена дестинација за љубителите на културата, гастрономијата и ноќниот живот.

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

Сместување

Хотел со 3* (хотелите ги објавуваме на два дена пред поаѓање)

ПРОМО ЦЕНА: 134 евра 

РЕДОВНА ЦЕНА: 179 евра

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
  • Туристички придружник од агенцијата,
  • Организација и реализација на аранжманот

Што не е вклучено во цената

  • Факултативи
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 75 еур.
  • Туристичка такса 2,5 еур по лице на ноќ (се плаќа во агенција )
  • Трансфер од градови – Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра во правец по лице

Важно

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро =
    62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на
    аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на
    цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го
    откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
    промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на
    внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно
    нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во
    случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во
    сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Факултативни излети

Разглед на Будимпешта (локален водич – задолжителна факултатива)

Цена за пакет: 15е

Крстарење со брод по Дунав ( крстарење + чаша шампањ )

Цена за пакет: 25е

Посета на Виена (минимум 30 патника за реализација на факултативата)

Цена за пакет: 40е

Посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 20е

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви го честита Денот на жената - 8ми Март

Резервирај сега

Поаѓање (05.03.2026 - Четврток)
Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена . Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.