ТРИКАЛА - Божиќно село

 

1 Лице
1550 денари

ТРИКАЛА И МЕТЕОРИ

Волшебен божиќен забавен парк

29.11.2026   •   05.12.2026
06.12.2026   •   20.12.2026

Програма на патувањето

Состанок: во 04:30 часот, пред театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Поаѓање: во 05:00 часот.

Метеори — манастири меѓу небото и карпите

Патување преку граничниот премин Меџитлија – Ники, со продолжување преку Птолемаида и Гревена и попатни паузи.

Пристигнување на Метеори, во областа Тесалија, позната по впечатливите карпи високи од 100 до 150 метри, на кои се изградени средновековни манастири. Некогаш ги имало 24, а денес се активни само четири до пет.

Посета на најголемиот манастир Голема Метеора, а доколку дозволува времето, и на еден од најубавите манастири — Варлаам. Следуваат посета на работилницата за икони во Калабака и слободно време за ручек во попатен ресторан.

Трикала — волшебен божиќен свет

Продолжување кон Трикала, каде што секоја година, по повод божиќните празници, се организира волшебен забавен парк за деца и возрасни.

Божиќниот парк ги пречекува посетителите во бајковит свет исполнет со празнична магија. Куќата на Дедо Мраз, куќите на џуџињата и самовилите, фабриката за чоколади, слаткарницата, поштата, музејот и пазарот на печурки, бунарот на желби и лизгалиштето се дел од содржините што го надополнуваат празничното доживување.

Враќање

Во попладневните часови, во договорено време, поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Поаѓање од Прилеп

1.500 денари

по лице

Деца до 9,99 години
1.300 денари

Поаѓање од Битола

1.400 денари

по лице

Деца до 9,99 години
1.200 денари

Во цената е вклучено

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Лиценциран придружник на екскурзијата.

Во цената не е вклучено

  • Задолжително патничко здравствено осигурување — 150 денари по лице.
  • Влезница за манастирот — 5 евра по лице.

Важни напомени

  • Организатор на патувањето е Т.А. ОРБИТА.
  • За реализација на патувањето се потребни минимум 45 патници.
  • За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А. ОРБИТА.
  • Крајниот рок за известување за евентуално откажување на патувањето е пет дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на измена на редоследот на одделни содржини во програмата.
  • Патната исправа е лична обврска на патникот. Пасошот треба да има преостаната важност од најмалку три месеци.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.