facebook    instagram  | +389 75 845 711  +389 79 407 123 |  orbita_info@yahoo.com | пон - пет:  09:00 - 19:00   саб: 09:00 - 15:00                           Блог   Услови   За Нас   Контакт

Важна информација

Исклучително важни информации за Вашето патување

Почитувани клиенти,


Молиме внимателно да ја прочитате информацијата подолу, бидејки е изклучително важна за вашето патување!!!


1. Пред поаѓање, задолжително проверете ја важноста на вашиот пасош кој не треба да биде со рок на истекување по малку од 6 месеци од
датата на враќање на вашето патување...


2. Деца под 18 г., коишто патуват само со еден родител е задолжително да имаат со себе согласност, заверена од нотар со изјава од двајцата родители дека се согласни детето да патува во странство, само или со еден родител или трето лице.


3. Во некои егзотични дестинации, како Доминиканска Република, Мексико, Израел, Тунис, и др., категоризацијата на хотелите е извршена на база на домашни критериуми и е можно да се разликува повеќе или помалку од европските стандарди . Затоа, кога патувате во некои од тие земји по можност, избирате повисока категорија на хотел. Во тој случај, Орбита не би можела да респектира и не може да носи одговорност за евентуални неусогласувања.
3.1 Во повеќето хотели сместувањето во собите е по 14 ч. Само во некои случаи, каде што е изрично напоменато, е можно порано сместување.
- ослободувањето на хотелските соби секогаш треба да биде извршено до 12 ч., а некаде е можно и порано.
3.2 При поплаки, сврзани со хигената, храната или други услуги во хотелите, е неопходно да го информирате управителот на хотелот или нашиот представник на место. Во случај на навистина сериозни проблеми е необходно писмена молба, во присуство на претставник на хотелот или представник на нашата агенција.
3.3 При вакви патувања Ве молиме предвреме да се информирате за празничната вечера и до колку часот би траела, доколку патувате на некаков повод или празник. Бидејки е можно организираниот настан да е во согласност со месните обичаи, традиции или закони.- на некои места вечерата не вклучува пијалоци или шампанско!!!


4. Цените на далечните дестинации (Куба, Мексико, Доминикана, Тајланд, Малезија и некои други) се дадени во програмата на Орбита во други валути како долари или евра а плаќањето е во денарска противредност по курс на Народна Банка на денот на уплатата.. При нагли промени во курсот на странската валута, можни се и промени и во пакетните цени на програмите или екскурзиите!
4.1 При патување со авион - местата во авионот се определуват на аеродромот според редот на чекирање на секој патник, доколку патуваат повеќе лица заедно. Само во некои случај Орбита може при издавањето на картите да ги одбере местата во авионот по желба на клиентите, доколку тоа не е можно Орбита не сноси одговорност доколку нема таква можност за тоа.
4.2 Определувањето на местата во автобусите за трансфер од аеродром до хотел и обратно се врши според оддалеченоста на хотелот, коишто е избран. Исклучок може да бидат направен единствено за бремени жени, мајки со мали деца, луѓе со физички или ментални повреди, возрасни... коишто ке бидат сместени по-напред во автобусот.


5. Во некои од туристичките програми факултативните услуги не се на Македонски јазик, а на Англиски или Српски јазик каде што е напоменато во самата програма на патувањето. Ве молиме пред уплата на аранжманот, да ја прочитате програмата и да се информирате за сите нејасни саботи по неа доколку има такви.


6. Дополнителните екскурзии не се вклучени во пакетните цени и се доплаќаат дополнително, на-често на лице место - во месната валута на престој. Часовите и местата за поаѓање на групите се прецизираат на место, којшто се можни и промени предходно дадената информација (дати, часови и цени) за реализација на екскурзиите Орбита работи со партнери-туроператори, коишто ја носат одговорноста за организацијата и реализацијата на програмата. За одредени програми, Орбита е само посредник каде што добивате комплетна информација за вашето патување но не и организатор и во тој случај не носи одговорност за дополнителните, факултативни екскурзии и времето на престој НЕ сврзано со сместувањето и превозот според избраната програма.


7. Во случај на евентуални промени сврзани со програмата на патување каде Орбита е посредник, НЕ сноси одговорност за таквите промени.
7.1 Сите евентуални промени на аранжман со авион, во случај на неполетување или доцнење на лет или доцнење на нареден лет, одговорноста ја сноси авиокомпанијата. Во случај на враќање на некој од групата, пооделно од аеродром од страна на државните органи, Орбита не сноси никаква одговорност и во тој случај не се враќа уплатениот износ за аранжманот.


8. За некои од патувањата е неопходно минимален број туристи, каде што е опишано во секоја програма. Во случај да нема пријавено минимум број на лица според барањето по програмата, клиентите кој што имаат уплатено ке бидат известени и ке им биде понудена друга солуција и доколку не прифатат за измени, во целост ке им биде вратен уплатениот износ.


9. Визен режим - за некои патувања е необходна виза, каде што се се издава во Македонија. Во некои случаи Орбита може да посредува за виза но не и да гарантира за добивањето на виза. Визи се необходни за Куба, Доминикана, Малезија, Тајланд,
Дубаи, Египет и други држави...


10. Месни државни такси - важно е туристите да знаат, дека за повекето далечни дестинации (Куба, Доминикана, Малезија, Тајланд, Дубаи, Мексико и др.) се плаќа месна такса при напуштање (во некои случаи при влегување) на државата, којшто се движи во размер 20 - 30 евра, во зависност од државата.


11. При самата резервација на аранжманот на секој клиент, (пооделно или групно) се издава патничко-здраствено осигурување (запознајте се внимателно со условите на полисата), којшто е задолжително и треба да го опфака целиот престој на вашето патување. При неопходност за користење на осигурувањето во странство е неопходно да се сврзете со фирмата од која е полисата на 24 часа објавениот телефон за врска со клиенти.
11.1 При неопходност од прегледот во износ до 250 еур - клиентот сам ја покрива сметката каде што треба задолжително да земе сметка за доказ при што по враќањето во матичната држава, се обрака до преставништвото на полисата.


12. ТА "Орбита" има право да ја промени цената на аранжманот, во случај на промена на други фактори којшто се поврзани со тоа патување (превоз, хотел, ресторан, курсни разлики и т.н).

 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.

Сабота

09:00 - 15:00 ч.