+389 75 845 711 +389 79 407 123 | info@taorbita.com.mk | reservations.orbita@gmail.com | Пон-Петок: 09:00-17:00 Саб 09:00-14:00

 B2B   Блог  Услови  За Нас  Контакт

Крф - Велигден

1 Лице 3 ноќи 5 Дена
од 126€

Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставуваме не би пропуштиле едно вакво доживување, Ве очекуваме!

Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".

Сместување

хотел

Вила во Ипсос,Дасиа и околината

Приватното сместувањето е на 20км. од стариот град Крф

 

СМЕСТУВАЊЕ ВО ВИЛА
Промо цена: 126 евра  Редовна цена: 169 евра

СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ 
Промо цена: 199 евра  Редовна цена: 225 евра

 

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања во Ипсос,Дасиа и околината студија/апартмани без појадок
  • 3 ноќевања во Хотел Amalia, со вклучен појадок (https://maps.app.goo.gl/Hm8kqS6q9gPLqCaC7) 
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  • Трансфер од Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
  • Туристички пратител во текот на целиот престој

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса за приватно сместување – околу 6 евра по лице за 3 ноќи
  • Туристчка такса за хотелско сместување -околу 15 евра од соба за 3 ноќи
  • Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Велигденски ручек)
  • Патничко осигурување

Важно

  • За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на редовната цена од аранжманот, кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос и околината на Дасиа.
  • Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа/апартмани.
  • Сместувачки капацитет за хотелско сместување во Ипсос и околината на Дасиа.
  • Сместувачкиот капацитет за хотелско сместување располага со 1/2 и 1/3 соби.
  • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
  • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

Факултативни излети

Палеокастрица,фабриката Василакис и Велигденски ручек во таверна

Цена за пакет:

Дополнително цена

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува Среќни Велигденски празници

Резервирај сега

ПРВ ДЕН 09.04.2026 (четврток)
Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон сместувачките објекти. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со пратителот. Ноќевање.
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.
Овој ден е предвиден за факултативната прошетка низ островот Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, и Велигденски ручек во таверна. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локација ќе ви го привлече вниманието. Следува Велигденски ручек во таверна.Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.
Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време.Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.