+389 75 845 711  +389 79 407 123
 info@taorbita.com.mk  reservations.orbita@gmail.com
 Пон–Пет: 09:00–17:00  Саб: 09:00–14:00
ПРОМО ПОПУСТ 20% ЗА ТЕРМИНОТ 30.05 - 06.06.2026 ВО ВИЛА УЈВАРА ВО КСАМИЛ|  5% попуст за вила Предраг во Будва | 10% за хотел Мојсес во Лептокарија                          Чартер понуди за Анталија, Хургада, Тунис, Шпанија, Италија и Кипар. Најповолни понуди со гооолеми попусти!                      Стани и ти член на Club Orbita. Дознај повеќе

Венеција во Мај 24.05 - 27.05.2026

1 Лице 3 ноќи 4 Дена
од 319€

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

 
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 319 ЕВРА 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379
ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре)
  • Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
  • Посета на Падова и Тревизо
  • Локален Водич во Венеција со слушалки
  • Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Превоз до наведените релации
  • Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Багаж над 10 КГ – информации во агенција

Важно

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 22 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.
  • Доплата за еднокреветна соба 120 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години – 279 евра (намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни)

 

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатно патување

Резервирај сега

Прв ден 24.05.2026 (Недела)
Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имамеразглед со локалниот водич. Ноќевање.
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Ќе ги видиме Pratto della Valle, еден од најголемите отворени плоштади во Европа, ќе уживаме на Via Umberto, главната и најдолга шопинг улица во Падова, Piazza delle Erbe, плоштадот каде започнуваат сите збиднувања, ве водатдирекно кон Piazza della Signoria, и секако уникатната Астролошка кула. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, местото каде спокојството и вистинскиот италијански начин на живот е најспецифичен. Мали и тесни улички, романтични кафулиња, слатки плоштади, и секако родното место на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.
 

Јавете се

+389 75 845 711

+389 79 407 123

Понеделник - Петок

09:00 - 17:00 ч.

Сабота

09:00 - 14:00 ч.