Во празничниот период, Прага се претвора во вистинска зимска бајка. Осветлените улици, историските плоштади и традиционалните божиќни маркети создаваат магична атмосфера исполнета со мирис на цимет, печени костени и топли празнични специјалитети.
На Староградскиот плоштад ве очекуваат прекрасна божиќна елка, празнични куќички, ракотворби, сувенири и традиционални чешки вкусови. А покрај маркетите, ќе имате можност да ги доживеете и најпознатите знаменитости на градот – Карловиот мост, Прашкиот замок, катедралата Св. Вит и плоштадот Вацлав.
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
ПРОМО ЦЕНА: 185 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА! (екскурзиите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА: 219 ЕВРА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во околината на Прага
- Посета на Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Дреново (Макпетрол) и Велес
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Прага со водич -15 евра
- Факултативен излет на Дрезден -45 евра
- Крстарење по реката Влтава - 30 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање – се плаќа во автобус
- Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 80 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
- Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

