Во предновогодишниот период, Милано се претвора во вистинска зимска бајка! Улиците и плоштадите блескаат во празнични светилки, излозите се украсени во божиќен дух, а градот е исполнет со мирис на празнични специјалитети и топла атмосфера.
Посетете ги познатите божиќни маркети, уживајте во празничните штандови со ракотворби, слатки и традиционални италијански деликатеси, а воедно откријте ги најубавите знаменитости на Милано – величествениот Дуомо, елегантната Галерија Виторио Емануеле II и шармантните улици на центарот.
Милано во Декември е совршена комбинација од италијанска елеганција, шопинг, култура и божиќна атмосфера – доживување кое вреди да се почувствува!
Програмата можете да ја прочитате во менито "Програма", веднаш до "Информации".
ПРОМО ЦЕНА: 175 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите екскурзии, освен крстарењето по Езерото Комо кoја се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА
Воценатанааранжманот е вклучено:
- Превознанаведенатарелација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Милано
- Бесплатентрансферод: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково) и Велес
- Организацијанааранжманот и туристичкипридружниквотекотнацелотопатување.
Воценатанааранжманотне е вклучено:
- РазгледнаМиланосоводич (15€)
- Посета на Лугано и Комо (50€)
- Посета на Сирмионе (15€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА за тие кои одат по редовна цена
- КрстарењепоезеротоКомо – оваа екскурзија не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
- Задолжителнадоплатазатуристичкатакса 5€ полицепоноќевање
- Патничкоо сигурување
Пакетот екскурзии од 80 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе
- Екскурзијата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо
- Екскурзијата посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
- Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!

