Хотел Мурите - Банско. Омилено место на многумина од 2008 година, познато како долината на белата ела. Хотелот на своите гости им нуди одлични можности за релаксација, спорт и туризам, среде неверојатна природа, удобност, мир и тишина.
Волшебната природа на Пирин планина и близината на хотелот до еден од најголемите паркови во Бугарија е прекрасно место во секои дел од годината.
За сите дојденци ќе обезбедиме водич за посета на Бајкушевската елка – најстарото иглолисно дрво во Бугарија, кое преживеало повеќе од 1300 години и е врсник на бугарската држава.
MURITE Park Hotel се состои од 3 тематски згради кои носат прекрасни имиња на егзотични цвеќиња – АЗАЛИЈА, ОРХИДЕ и ЈАСМИН. Хотелот има извонредна архитектура и прекрасен ентериер.
Локација
Помалку од 2 часа со автомобил од Софија и само 10 минути од Банско, сместен во едно од најживописните краишта на Бугарија – Разлошката долина, хотелот MURITE Park ќе ве пречека со совршени услови за рекреација и спорт во секоја сезона за да ви понуди свежина. Во летните горештини и удобност во снежните зимски денови. Уникатниот поглед на Пирин планина, чистиот планински воздух, безбројните кривулести патеки под древните ѕидини, белината на снегот, мирисот на тревата – ова е нашата постојана инспирација.
Разлошката долина е уникатно природно место во Бугарија, сместено помеѓу трите најубави бугарски планини – Рила, Пирин и Родопи. Станува збор за планини во југозападниот дел на земјата со сосема поинаков карактер. Додека Рила и Пирин – две од највисоките и најтешките планини на Балканот со речиси 3000 m надморска височина – имаат чисто алпски изглед, Родопите јужно од нив маѓепсуваат со пријатно заоблени форми и изразено влијание на јужниот ветер од Егеј.
Соби:
ЗГРАДА АЗАЛИА -ЛУКСУЗНА СОБА
Луксузните соби на Хотел Мурите се сместени во главната зграда на комплексот . Гостите на хотелот кои избрале да престојуваат во АЗАЛИА имаат удобен пристап до бањата и рестораните и можат да ги искористат дополнителните услуги како што се услуга во соба и мини бар. Сите соби имаат тоалет, бања со када или туш и се лукзузно опремени, телефон, балкон, телевизор, безжичен интернет, фен.
ЗГРАДА ОРХИДЕА -СТАНДАРД СОБА
Зградата ОРХИДЕА се наоѓа на 30 метри од зградата АЗАЛИА во градината на комплексот МУРИТЕ. Сите соби имаат тоалет, бања со када или туш и се лукзузно опремени, телефон, балкон, телевизор, безжичен интернет, фен.
Пријавување: после 14:00 часот
Одјавување: до 12:00 часот
Доколку собата се ослободи подоцна, ќе се наплаќа дополнителен надомест како што следува:
-доколку собата се ослободи до 18:00 часот се доплаќа, според објавениот ценовник за задоцнето пуштање.
-доколку собата се ослободи после 18:00 часот се доплаќа 100 % од вредноста на ноќта.
-Резервациите се чуваат до 24:00 часот на денот на пристигнување.
Хотелот не прифаќа домашни миленици.
Во Хотел Мурите собите се за непушачи. Според одредбите на националното законодавство, пушењето на јавни места е забрането, па во случај на непочитување на истите, хотелот го задржува правото да наложи, без претходна најава, такса од 50еур.
MURITE CLUB HOTEL 4* – Банско | |||||
www.murite.bg | |||||
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА : | |||||
15% попуст за резервација и уплата до 15.10.2024 |10 % попуст за резервација и уплата до 15.11.2024 | |||||
БОНУСИ : 7=6 за период на престој : 01.12-22.12.2024 , 19.01-30.01.2025 , 23.02-15.04.2025 ПОПУСТИТЕ СЕ КОМБИНИРААТ СО ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА / НЕ ВАЖАТ ЗА 29.12-01.01.2025 | |||||
*Бонусите и попустите за рана резервација важат за полупансион, не важат за доплатите за се вклучено | |||||
Цените се по лице за 1 ноќевање | 01.12-22.12.2024 | 23.12-28.12.2024 | 29.12-01.01.2025 | 19.01-30.01.2025 | |
на база ПОЛУПАНСИОН | 04.03-15.04.2025 | 02.01-18.01.2025
31.01-15.02.2025 |
(мин. 3 ноќ.) | 16.02-03.03.2025 | |
Двокреветна соба – АЗАЛИА | 2+0 | 52€ | 62 € | 88 € | 58 € |
Едноспален апартман – АЗАЛИА | 2+2 | 64 € | 72 € | 98 € | 70 € |
Двоспален апартман – АЗАЛИА | 4+2 | 52 € | 62 € | 88 € | 58 € |
Двокреветна соба – ОРХИДЕА | 2+0 | 42 € | 52 € | 76 € | 48 € |
Едноспален апартман – ОРХИДЕА | 2+2 | 52 € | 62 € | 88 € | 58 € |
Двоспален апартман – ОРХИДЕА | 4+2 | 42 € | 52 € | 76 € | 48 € |
Во цената е вклучено : појадок и вечера на шведска маса, транспорт до жичарница (по распоред), користење на внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања, фитнес, интернет, паркинг. | |||||
Доплата за ALL INCLUSIVE – возрасен 16€ , дете од 6-13.99 год. – 9€ (појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени пијалоци од 10-22 часот) | |||||
Дополнителни услови : | |||||
Деца до 5.99 год. – бесплатно | |||||
Прво дете од 6-13.99 год. на дополнително легло во едноспален апартман – бесплатно | |||||
Второ дете од 6-13.99 год. на дополнително легло во едноспален апартман – 50% попуст | |||||
Дете од 2-13.99 год. на редовно легло во двокреветна соба – 50% попуст | |||||
Возрасен на дополнително легло во едноспален апартман – 50% попуст | |||||
За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 полни суми и важат условите за лица на доп.легло (доколку има) | |||||
Доплата за новогодишна вечера : возрасни – 130€, дете од 6-13.99 год.- 70€ (Задолжителна) | |||||
Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден |
Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ
Тимот на Орбита Ви посакува убаво патување!